Европа
Орбан: Ако ЕУ ја послуша Унгарија сега ќе имаше десет илјади бегалци, а не милион
Ако мнозинството од земјите-членки на Европската унија (ЕУ) ја прифатеа позицијата на Будимпешта во однос на бегалската криза, денес во Европа требаше да има најмногу десетина илјади бегалци, а не еден милион, изјавил унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесуваат унгарските медиуми.
Ако мнозинството од земјите-членки на Европската унија (ЕУ) ја прифатеа позицијата на Будимпешта во однос на бегалската криза, денес во Европа требаше да има најмногу десетина илјади бегалци, а не еден милион, изјавил унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесуваат унгарските медиуми.
Орбан додал дека одлуката да бидат прифатени мигранти во ЕУ е грешка која денес тешко може да се исправи, додавајќи дека тој и натаму е против квотите за распределби на мигрантите во земјите од ЕУ.
„Прашањето е принципиелно, дали на Унгарците некој од надвор може да им каже: вие сте обврзани да живеете со луѓе со кои не сакате да живеете!“, рекол унгарскиот премиер. Според него Унгарија се спротивставила на ова за да ги заштити своите национални интереси.
„Ако унгарскиот Парламент одлучи да прифатиме бегалци, тогаш ние ќе ги прифатиме, но нема начин да го одобриме принципот на квотите, кој директно ќе ни биде наметнат од Брисел“, истакнал Орбан.
Орбан, исто така, истакнал дека германската канцеларка Ангела Меркел ја гледа „како моќен лидер, со силен карактер и Унгарците имаат причина да ја почитуваат и да ѝ веруваат“.
Според него, на Меркел ѝ недостига простор за маневрирање и таа е должна да управува во коалиција. Орбан додал дека независно од неусогласеноста на двете земји во однос на миграција криза, тие можат да останат сојузници, бидејќи лидерите на двете страни го сакаат тоа.
Орбан предупредил дека мнозинството од европските гласачи ќе станат со левичарски убедувања, а учеството на имигрантите во политиката ќе ја наруши „традиционалната политика на рамнотежа во Европа”.
Поврзување на миграциската политика со прашањето за фондовите на ЕУ ќе биде „одмазда и рекетирање и никој нема право да го прави тоа, бидејќи буџетот беше одобрен многу пред тоа“, додаде Орбан. Во однос на иднината на ЕУ, унгарскиот премиер смета дека доколку во Унијата има повеќе единство отколку несогласување, тогаш Унијата има иднина, а нејзината срцевина е еврозоната./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.