Европа
Орбан: Доколку Унгарија не ја сопреше нелегалната миграција, Европа ќе пропаднеше
Доколку Унгарија не ги исполнеше своите обврски за сопирање на нелегалната миграција, Европа ќе пропаднеше, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесуваат светските агенции во четвртокот.
„Со воведувањето на строгите мерки против нелегалната миграција ние `не измисливме топла вода`, туку едноставно го направивме тоа што е потребно и тоа што го прават најпаметните луѓе во светот, од САД до Израел… Ние само ја заштитивме Унгарија, а со тоа и границите на Европа“, рекол Орбан, говорејќи во пресрет на референдумот кој во недела ќе се одржи во земјата, а на кој унгарските граѓани треба да се изјаснат дали ги поддржуваат квотите за распределба на мигрантите во земјите од ЕУ.
Орбан порачал дека граѓаните на референдумот ќе гласаат за „иднината на земјата и Европа“. Според него „Унгарија останува на страната на европската иднина, но ЕУ има потреба од промена, за да може Европа да биде заштитена, Европа која сите ја сакаат и сметаат за своја татковина и за која се дадени толку многу жртви“.
Унгарскиот премиер посочил дека недостигот од заедничка позиција на земјите од ЕУ во однос на миграциската криза е сериозен проблем и дека „сите нелегални мигранти во Европа треба да бидат сместени надвор од територијата на ЕУ, но многу земји од ЕУ немаат храброст да направат тоа“.
Унгарците се подготвени во недела на референдум да го одбијат системот за квоти за мигранти, план кој беше предложен од ЕУ, а ова е нешто што потенцијално би го зголемило влијанието на Орбан во земјата. Според последните анкети повеќето граѓани се за одбивање на квотите, но доколку не биде постигната излезност од 50 проценти, гласањето ќе биде невалидно.
Десничарската влада на Орбан води огромна медиумска кампања која има за цел да ги убеди унгарскиот електорат да отфрли европскиот предлог, односно распределбата на мигранти меѓу 27-те земји членки на блокот преку систем на квоти./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.