Европа
Осум мртви најверојатно е конечниот биланс од уривањето на зградата крај Париз
Осум лица ги загубија животите во уривањето на станбена четирикатница во неделата утрото во Росни-сур-Боа, предградие на главниот град Париз, според последниот биланс од понеделникот навечер за кој властите сметаат дека е конечен.
Осум лица ги загубија животите во уривањето на станбена четирикатница во неделата утрото во Росни-сур-Боа, предградие на главниот град Париз, според последниот биланс од понеделникот навечер за кој властите сметаат дека е конечен.
Пожарникарските екипи во понеделникот доцна попладне од под урнатините ја извлекоа и осмата жртва, последната којашто се сметаше исчезната. Станува збор за маж во педесеттите години. Претходно беше пронајдено телото на осумдесетгодишна жена која живеела на првиот кат.
Експлозијата се случила околу 7 часот наутро во неделата. Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев кој веднаш го посети местото на несреќата изјави дека се чини оти експлозијата ја предизвикало истекување на гас за домаќинствата, но дека сѐ уште не може со сигурност да биде потврдена таа претпоставка. Таквата констатација истражните органи ја повторија и во понеделникот навечер.
Во урнатините претпладнето во неделата беа пронајдени телата на осумгодишно дете, а потоа и на повозрасна жена во бесвесна состојба којашто починала при операцијата на нејзини извлекување. Доцна попладнето во неделата биле пронајдени и телата на жена и на нејзиното дете. Меѓу урнатините во североисточен Париз, во понеделникот претпладне беа пронајдени телата на жена и на момче на возраст од 14 до 18 години.
Уште единаесет лица се повредени во несреќата, од кои некои се со потешки повреди. Иако се смета дека ова е конечниот биланс, потрагата низ урнатините, сепак, продолжува и натаму./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.