Контакт

Европа

Отворањето на аеродромот во Брисел одложено, полицајците барат поголема безбедност

Објавено пред

Главниот меѓународен аеродром во Брисел не беше отворен според планираното во петокот навечер, бидејќи полицијата и управата на аеродромот Завентем не можеа да се договорат на кој начин да се прегледуваат патниците.
 
 

dobivaj vesti na viber

Главниот меѓународен аеродром во Брисел не беше отворен според планираното во петокот навечер, бидејќи полицијата и управата на аеродромот Завентем не можеа да се договорат на кој начин да се прегледуваат патниците.

 

 

Аеродромот Завентем беше затворен веднаш откако на 22-ри март двајца исламистички милитанти изведоа бомбашки напади на терминалот за заминување, а веднаш потоа и на станицата Малбек на подземната железница в Брисел, при што вкупно загинаа 35 луѓе, а повеќе од 300 беа ранети.

Аеродромот, чијшто терминал за заминување беше уништен во експлозиите, изгради привремена зона за пријавување на патниците, изврши тестирања и објави дека е подготвена за прием на патниците.

Меѓутоа, сојузната полиција, чиишто припадници работат на аеродромот, сака патниците да бидат прегледувани надвор од оваа зона. Но , претставниците на аеродромот велат дека така патниците предолго би чекале и едноставно ги префрлија прегледите надвор од зоната во неа,. Аеродромската полиција истакнува дека поради тоа е подготвена да стапи и во штрајк со глад.

„Потребен е договор со полициските синдикати. Во тек се разговори меѓу нив и министерството за внатрешни работи“, соопшти портпаролот на бриселскиот аеродром, потврдувајќи дека во петок нема да има летови.

Белгискиот национален Совет за безбедност, кој се состои од главните министри, претходно објави дека на полицајците би можел да им воведе работна обврска, но дека тоа не би било мудро.

Најголемиот белгиски авиопревозник „Bruxelles Airlines“, кој е во 40-процентна сопственост на германската воздухопловна компанија „Lufthansа“, процени дека поради затворениот аеродром дневно губи околу пет милиони евра./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Аудио) Кралот Чарлс ја испрати првата јавна порака по дијагнозата на здравјето на Кејт

Објавено пред

Порака од кралот Чарлс беше емитувана денеска по повод годишната служба на Велики четврток.

dobivaj vesti na viber

Аудио обраќањето на Чарлс беше емитувано на собранието во катедралата Ворчестер во негово отсуство, поради тековното лекување на ракот на монархот.

Тој им порача на сите „да ја подадат раката на пријателството“.

„Актот на богослужба, овде во катедралата Ворчестер, ме потсетува на заклетвата што ја дадов на почетокот на моето крунисување, да го следам примерот на Христос „да не ми служат, туку да служам“, рече кралот.

„Тоа е она што секогаш се трудев да го правам и правам, со целото мое срце“, додаде тој.

Кралот дојде на тронот пред 18 месеци, а на почетокот на годината му беше дијагностициран рак, поради што беше подложен на хемотерапија.

Прикажи повеќе...

Европа

Заменик-началникот на генералштабот: Британија може да се бори со Русија само 2 месеца

Објавено пред

Британските вооружени сили мора да управуваат со оперативниот ризик, што произлегува од недостигот на ресурси што би сакале да ги имаат во идните војни, пишува „Телеграф“.

dobivaj vesti na viber

Информациите се појавија откако Грант Шапс, министерот за одбрана, им рече на пратениците дека лобирал кај премиерот, Риши Сунак, и министерот за економија и финансии, Џереми Хант, повеќе пари во буџетот да се потрошат за одбраната, но не успеал да обезбеди зголемување.

За време на сослушувањето пред пратениците во Комитетот за одбрана на долниот дом, висок офицер на кралските маринци рече: „Ние бевме многу јасни дека сумата што моментно ја трошиме за муниција не ги покрива трошоците во сите области и заканите со кои се соочуваме“.

„Бевме јасни дека треба да потрошиме повеќе пари над буџетот, на она што го нарекуваме интегрирани противвоздушни ракети“.

На прашањето на Марк Франсоа, поранешен министер за вооружени сили, дали е вистина оти Обединетото Кралство „не може да се бори со Владимир Путин повеќе од неколку месеци во целосна воена ситуација поради недостиог на резерви муниција и опрема, Шапс додаде дека секој таков конфликт ќе се води заедно со сојузниците од НАТО, кои заедно би можеле да ја совладаат Русија, наместо само Велика Британија.

„За луѓето што гледаат и слушаат дека Велика Британија не е подготвена за војна исклучиво со Русија, важно е да разберат дека сме во НАТО и постои меѓусојузнички одбранбен договор Член 5, така што никогаш не би биле во таква ситуација“.

Во еден извештај пратениците рекоа дека на вооружените сили им требаат повеќе средства за „учество во операции додека развиваат воена готовност“ или ќе мора да го намалат „оперативниот товар“ на војската.

Поранешните воени началници на комитетот му кажаа дека вооружените сили се ослабени од 2010 година и дека „во конфликт со еднаков противник тие ќе бидат исцрпени по првите неколку месеци од распоредувањето“.

Шапс исто така им рече на пратениците дека лекциите научени од војната во Украина ја покажале важноста на војната со беспилотни летала бидејќи е смртоносна и евтина.

„Ова во Украина е веројатно првата вистинска војна со беспилотни летала и мислам дека никогаш повторно нема да видиме војна која не вклучува тешка употреба на беспилотни летала“, рече тој.

Минатиот месец Обединетото Кралство објави дека, заедно со Латвија, ќе ја предводи новата коалиција за испорака на илјадници беспилотни летала „камикаѕе“ во Украина во услови на растечки недостиг на муниција на фронтот.

„Дроновите ги нарушуваат нормалните факти за војната. Обично секоја генерација станува поскапа за да има смртоносен ефект, но всушност беспилотните летала, кои понекогаш чинат неколку илјади фунти, може да бидат крајно смртоносни“, рече Шапс.

Сепак, тој предупреди дека „основното војување и муницијата“ остануваат важни во секој иден конфликт.

Прикажи повеќе...

Европа

Кремљ за евентуалното блокирање на „Телеграм“: „Сè повеќе станува алатка во рацете на терористите“

Објавено пред

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека во моментот не се планира блокирање на социјалната мрежа „Телеграм“ во Русија.

dobivaj vesti na viber

„Не, во моментот нема такви планови“, изјави Песков за каналот „Шот“ на прашањето дали Русија планира да го блокира „Телеграм“.

Тој додаде дека основачот на оваа платформа, Павел Дуров, треба повеќе да внимава како се користи оваа социјална мрежа.

„Секако, би очекувале поголемо внимание од Павел Дуров бидејќи овој уникатен и феноменален ресурс од технолошки аспект, кој порасна, всушност, пред очите на нашата генерација сè повеќе станува алатка во рацете на терористите, се користи за терористички цели“, рече портпаролот на Кремљ, пренесува „РИА новости“.

Како што изјави во средата за „РИА новости“ извор запознаен со ситуацијата, сторителите на терористичкиот напад во предградието на Москва биле регрутирани преку каналот на „Телеграм“, „Глас Хорасан“, сопственост на авганистанското крило на Исламската држава.

Пратеникот на државната Дума од Обединета Русија, Олег Морозов, денеска оцени дека е неопходно да се развие механизам за автоматско блокирање на каналите на „Телеграм“, кои регрутираат терористи користејќи клучни зборови користејќи вештачка интелигенција.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ2 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија2 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија3 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија6 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет6 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет6 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија6 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион6 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет7 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет7 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија21 час

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија23 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија1 ден

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...