Европа
Папата во Ереван за турскиот геноцид врз Ерменците
Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск се помоли во саботата утрото пред вечниот оган во меморијалниот комплекс на ридот Цицернакаберд посветен на жртвите од турскиот геноцид над Ерменците во Отоманската империја пред крајот на Првата светска војна, и притоа истакна дека „сеќавањето на трагедијата не може да биде потиснато“.
Придружуван од ерменскиот претседател Серж Саркасјан, папата Франциск прво положи венец пред мавзолејот и се спушти во овалниот двор со 12 гигантски блокови кои ги претставуваат 12-те покраини во кои Ерменците биле жртви на масакрот во 1915/1916 година извршено од Отоманското царство во кој се тврди дека се убиени околу 1,5 милиони луѓе. Папата потоа ја посети градината каде го зали засаденото дрво во знак на мирот и обновата, а пота седна и ја отвори големата златна книга, пренесуваат агенциите.
„Се молам тука, со болка во срцето, никогаш повеќе да не се случат вакви трагедии, се молам човештвото да не заборави за да знае да го победи злото со доброто. Господ да го чува сеќавањето на ерменскиот народ! Сеќавањето не може да се потисне, ниту да се заборави! Сеќавањето е извор на мирот и на иднината!“, напиша папата во пораката.
Од меморијалниот комплекс, инаку, погледот се протега кон планината Арарат прeкриена со снег. Ова возвишување, кое сега се наоѓа во Турција, е симболот на ерменската христијанска култура и многумина, па и научници, веруваат дека на него се сопрела библиската Арка на Ное.
Претходно во петокот, на првиот ден од посетата на Ерменија, папата Франциск масовните убиства на Ерменците во Отоманското царство во текот на Првата светска војна ги нарече геноцид.
Агенциите забележуваат дека папата не се придржувал многу до подготвуваниот текста во ерменската катедрала Ечмиадзин, каде оддавајќи почест на декларацијата којашто во 2011 година ја потпишаа тогашниот папа Јован Павле Втори и поглаварот на Ерменската Апостолска Црква, Карекин Втори, го употреби терминот „геноцид“ за да ги опише споменатите масовни убиства на Ерменците., израз кој секогаш ги разгневува властите на Турција, како што тоа беше случај и пред една година кога Франциск првпат го употреби овој збор. Турција, смета дека станува збор за последици од воени дејствија и глад во кои загинале половина милиони луѓе меѓу кои и многу Турци, и оти немало систематско уништување на ерменското население, ниту такви наредби.
Обраќајќи им се на ерменскиот претседател и членовите на дипломатскиот кор, папата Франциск го употреби ерменскиот израз „Големо зло“ (Metz Yeghern), а потоа во претходно подготвениот текст го додаде зборот „геноцид“ алудирајќи на, како што рече, „првата во низата катастрофи коишто го добележаа минатиот век“.
Папата со световно име Хорхе Берхољо се сретна во Ерменија со десетина потомци на лицата кои успеале да го преживеат геноцидот, бидејќи ги примил тогашниот папа Бенедикт Петнаесетти во папскиот дворец Кастел Гандолфо во близина на Рим во времето на Првата светска војна.
Ова е 14-ти патување во странство за папата Франциск во изминатите три години од неговиот понтификат, и во прв ред има верска димензија – давање поттик на повторното раѓање на христијанството во Ерменија, која беше дел од атеистичкиот комунистички блок.
Христијанската традиција во Ерменија е древна и една најстарата на европскиот континент. Ерменија е првата земја во светот којашто го прифатила христијанството како државна религија уште во 301 година по Христос, а 90 отсто од 3,3 милиони жители во земјата се верници на Ерменската апостолска црква, која е одвоена од Рим.
Во својата намера да за приближување со источните цркви , папата Франциск ќе сослужува во Божествената литургија со Карекин Втори католикосот на сите Ерменци, односно врховниот поглавар на Ерменскаата апостолска црква. Папата, исто така, се сретна и со малата католичка заедница во Ѓумри, град кој на 7-ми декември 1988 година беше погоден од тежок земјотрес.
Тогаш во потресот од 7 степени за 30 секунди се уништени градовите Спитак, Ленинкан (сегашен Гјури, Кировакан (сега Ванадзор) и Степанаван. Во овој земјитрес настрадале вкупно 21 град и 350 села, при што 58 биле целосно уништени. Според официјалните податоци загинале 25.000 луѓе, 140.000 останале инвалиди, а 514.000 останеле без домови./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.