Европа
Париските терористи поврзани со група во Британија
Исламистичката мрежа одговорна за париските терористички напади од 13-ти ноември во кои уби 130 луѓе, имала контакти и во Велика Британија, пишува The Wall Street Journal повикувајќи се на неименувани западни функционери.
Неколку лица осомничени за врски со Абделхамид Абаауд, припадник на џихадистичката Исламска држава и организатор на терористички напади во француската престолнина Париз, живеат во Велика Британија, изјавиле за WSJ двајца западни функционери, Тие луѓе, од кои некои по потекло се Мароканци, живеат во регионот на Бирмингем, во централна Англија, околу 190 километри од Лондон.
Досега немаше официјални информации за врски меѓу париските напаѓачи и исламистите во Велика Британија, но соговорниците на весникот велат дека џихадистичките групи често меѓусебно контактираат преку социјалните мрежи.
Британскиот дневен весник The Mirror, така, пишува дека британската полиција ги истражува наводите дека припадник од групата терористи во Париз имал неколку телефонски разговори кон Бирмингем непосредно пред масакрот. „Извршени се (телефонските разговори) малку пред париските напади. Британската полиција итно истражува дали некој во Британија е вклучен во тие злосторства, и дали пости поврзана терористичка ќелија тука“, изјавил за весникот извор близок на истрагата.
Досега најголемиот терористички напад на британска почва беше изведен во јули 2005 година, кога самоубијци исламисти убија 52 лица во лондонската подземна железница и во автобус.
В текот на минатата година оневозможени биле седум планирани напади од кои ниеден немал размери како нападите во Париз. Антитерористички сили просечни во текот на 2104 година уапселе по едно лице дневно во Британија под сомневање за вмешаност во терористички активности.
Во Велика Британија е прогласен висок степен на опасност според кој „многу се веројатни“ терористички напади поради заканата којашто ја претставува џихадистичката Исламска држава, како и нејзините следбеници во земјата.
Само во ноември, според официјалните податоци, околу 800 Британци отпатувале во Сирија и во Ирак за да ѝ се приклучат на Исламската држава. Околу половината од нив набрзо се вратиле дома, а за 70 се смета дека загинале на боиштата./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.