Европа
Париз: Полицијата повикува сведоци за осомничен, кој можеби пребегал во Шпанија
Француската полиција повикала сведоци во врска со човек кој „можеби е вмешан во париските напади“ Салах Абделсалам, по кого белгиското правосудство издаде меѓународна потерница, за пој постојат сомневања дека пребегнал во соседна Шпанија.
Салах Абделсалам, реден на 15-ти септември 1989 година во Брисел е „опасен и немојте ништо да преземате самите“, препорачува во соопштението полицијата, пренесува AFP.Француското министерство за внатрешни работи објави дека осомничениот е висок 175 сантиметри и има кафени очи. Утврдено е дека братот на Салах, Брахим Абделсалам загина за време на нападот од страна на полициските специјалци во концертната сала „Bataclan“. Тој беше идентификуван според отпечатоците од палецот, најден откако бомбашот самоубиец се кренал во воздух. Белгиското правосудство издаде потерница по ова лица кое живеело во квартот Моленбек во Брисел. Двете земји тесно соработуваат откако по петочните напади се покажа дека некои од седумте убиени напаѓачи дошле од Брисел.Француските власти ја известиле Шпанија дека осомничениот за вмешаност во терористичките напади во Париз, Салах Абделсалам можеби се префрлил на територијата на соседната земја, пренесува агенцијата Europa Press.Според нејзините извори, француската полиција веќе им доставила податоци за осомничени на шпанските колеги. Според последните податоци, жртви на терористичките напади од петокот вечерта во Париз се 132 луѓе. Над 350 луѓе се ранети а околу 90 од нив се во критична состојба.Властите веруваат дека во нападите извршени на најмалку шест локации дејствувале три синхронизирани тима вооружени со „калашникови“ и експлозивни елеци, за што одговорноста ја презема екстремната сунитска организација Исламска држава./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.