Европа
Парламентарни избори во Португалија
Избирачките места ширум Португалија се отворени во неделата утрото за парламентарните избори коишто треба да го решат победникот меѓу досегашната десна коалиција, која водеше во последните анкети, и социјалистичката опозиција.
Повеќе од 9,6 милиони португалски избирачки ќе гласаат за изборот на 230 пратеници со пропорционално гласање само во еден круг. Првичните резултати од гласањето се очекуваа по 20 часот.
Според сите досегашни анкети, десната коалиција која и досега беше на власт, треба да победи, но премиерот Педру Пасуш Куељо би можел да го загуби апсолутното мнозинство со коешто располагаше во парламентот чиј состав беше избран во јуни 2011 година. Социјалистичкиот кандидат Антониу Кошта, кој долго важеше за фаворит, беше надминат од неговиот противник во последната седмица од предизборната кампања.
Доколку се покажат точни резултатите од испитувањата на јавното мнение и ниеден од двата табора не освои апсолутно мнозинство во парламентот, постои опасност од политичка блокада, што би можело да ѝ донесе штети на оваа членка на Европската унија која мината 2014 година излезе од програмата за финансиска помош.
По строгите штедења в Португалија се создадоа услови за економско закрепнување. Тоа беше и адутот во кампањата на Педру Пасуш Куељо, либерален центрист, кој истакнуваше дека ја извлекол земјата од најтешката криза во нејзината историја. Тој на власт дојде во 2011 година, откако неговиот претходник социјалистот Жозе Сократеш веќе побара помош во износ од 78 милијарди евра од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.
Португалците беа принудени на дотогаш невидени мерки на зголемување на даноците и кастрење на платите, по што земјата успеа да го покрене растот и да ја намали невработеноста на 12 отсто во однос на 17,5 проценти на почетокот од 2013 година. Но благодатите од овие економски движење не ги почувствува просечниот Португалец, бидејќи секој петти живее под прагот на сиромаштијата, со помалку од 5.000 евра годишнио./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.