Европа
Пет украински специјалци загинале последното деноноќие
Пет украински војници загинале и најмалку 17 се ранети во последното деноноќие во борбите со проруските бунтовници во источна Украина, објави во неделата украинската телевизија Петти канал.
Пет украински војници загинале и најмалку 17 се ранети во последното деноноќие во борбите со проруските бунтовници во источна Украина, објави во неделата украинската телевизија Петти канал.
Како што изјавил за телевизијата Олексиј Дмитрашковски, портпаролот на операцијата на украинската армија поведена во април за преземањето на контролата во градовите во источните региони каде што се побуни руското и рускојазичното население организирано во вооружени ткн народни милиции за самоодбрана, тројца војници загинале а четворица биле ранети во минофрлачки напад на бунтовниците кај контролен пункт крај градот Славјанск. Уште двајца украински војници загинале а осум биле ранети во бунтовнички напад врз колона возила во Луганската област.
Покрај тоа, уште пет војници биел полесно повредени откако нивното оклопно возило налетало на нагазна мина поставена на пат по кој минувала колона на украинската воена техника.
Дмитрашковски додела дека за време на воената операција којашто властите во Киев ја нарекоа „антитерористичка“, биле убиени 145 припадници на проруските милиции, а 312 биле ранети со разни степени на повреди.
Во саботата навечер самопрогласениот премиер на самопрогласената Народна република Донецк, и челник на тамошните проруски милиции, Александар Бородај за РИА Новости изјави дека суштински прекинот на огнот изминатата седмица никогаш и не бил почитуван целосно, и дека операциите на украинските сили продолжиле цело време, па дури и по првиот круг од преговорите меѓу бунтовниците и киевските власти.
Вториот круг од преговорите треба да продолжи во вторник на 1-ви јули, откако во понеделникот доцна навечер ќе истече и продолжителниот рок за прекин на огнот во источна Украина, што го одреди претседателот Петро Порошенко.
Во петокот, 27-ми јуни, навечер истече примирјето меѓу двете страни, што Прошенко го продолжи до понеделник 30-ти јуни. Пред истекот на првиот рок за прекин на огнот, во петокот се одржа вториот круг од консултациите за деескалација на ситуацијата во источна Украина, на кој беше разговарано за продолжување и проширување на режимот на примирјето./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.