Европа
По резолуцијата на Бундестагот, Ереван задоволен, Ердоган предупредува
Ерменија во четвртокот со одобрување го дочека носењето на резолуцијата со која се признава геноцид врз Ерменците кон залезот на Отоманската империја, која ја прифатија пратениците во германскиот Бундестаг, додека Турција жестоко се спротистави предупредувајќи дека тоа ќе има погубно влијание врз германско-турските односи.
„Ерменија го поздравува носењето на резолуцијата во Бундестагот за признавање на геноцидот над Ерменците и другите христијански народи. Тоа е важен придонес на Германија во меѓународното признавање и осуда на ерменскиот геноцид, но и во општата борба за спречување на геноцидите и злосторствата против човештвото“, се наведува во соопштението на ерменското министерство за надворешни работи.
Министерството жали што „турските власти и натаму упорно го одбиваат непобитниот факт дека Османлиското царство сторило геноцид“, истакнувајќи дека неговите сојузници „Германија и Австрија го прифаќаат денес својот дел од одговорноста“ во тој геноцид.
Носењето на споменатата резолуција во Бундестагот, со само еден глас против и еден воздржан, „сериозно ќе им наштети на турско-германските односи“, предупреди турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повикувајќи на консултации турскиот амбасадор во Германија.
„Оваа резолуција сериозно ќе им наштети на турско-германските односи“, предупреди Ердоган пред новинарите во Кенија, каде што престојува во посета, додавајќи дека по враќањето во Турција ќе одлучи какво „чекори“ ќе преземе неговата земја за да одговори на овој чин.
Турскиот премиер Бинели Јилдирим објави дека турскиот премиер во Германија „е повикан на консултации“.
„Германија направи историска грешка кога призна некои невтемелени и неточни тврдења“, изјави портпаролот на турската влада Нуман Куртумлуш на Twitter, додавајќи дека „таа резолуција за Турција е ништовна и без вистински ефект“. Куртумлуш, кој е и вицепремиер, оцени исто така дека прифаќањето на текстот „не е достоен на пријателството“ меѓу двете земји, предупредувајќи дека Турција на него ќе одговори на соодветен начин, без да наведе други поединости.
Германската канцеларка Ангела Меркел и по освојувањето на резолуцијата којашто ја разгневи Турција, сепак, тврдеше дека двете земји имаат силни односи во разликите по некои прашања.
„Многу нешта ја поврзуваат Германија со Турција, па дури и ако се разликуваме во мислењата за поединечни прашања, широчината на нашите врски, нашето пријателство, наите стратешки врски се сјајни“, изјави Меркел на прес-конференцијата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Текстот со наслов „Спомен за геноцидот на Ерменците и другите христијански малцинства во Отоманското царство пред 101 година“ беше прифатен во Бундестагот и покрај предупредувањата на Анкара. Ерменците проценуваат дека 1,5 милион луѓе се убиени во 1915 година во самракот Османлиското царство, а многу историчари и повеќе од дваесет земји, меѓу нив Франција, Италија и Русија, признаа геноцид. Турција тврди дека станувало збор за граѓанска војна која ја следела глад, во која загинале од 300.000 до 500.000 Ерменци и исто толку Турци./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.
Европа
Столтенберг: НАТО работи на испорака на повеќе „Патриоти“ во Украина
НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, додавајќи дека доцнењето во обезбедувањето таква помош им наштетува на напорите на Киев да се спротивстави на руските напади.
„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите „Патриот“. И ние работиме со сојузниците за да се осигураме дека тие прераспоредуваат некои од нивните системи во Украина“, изјави тој за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.
„Работиме на можноста за испорака на повеќе батерии „Патриот“ за Украина. Водиме дијалог со некои земји“, рече Столтенберг, нарекувајќи го снабдувањето на „Патриотите“ „критично“, бидејќи тоа е најнапредниот одбранбен систем на кој алијансата може да смета.
Столтенберг рече дека други одбранбени системи, вклучително и ракетниот систем земја-воздух НАСАМС, може да и бидат доставени на Украина. Тој додаде дека состанокот на Советот НАТО-Украина ќе се одржи утре и дека се очекува виртуелно да учествува украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Охрабрен сум од посветеноста и одлучноста на сојузниците во НАТО да застанат во одбрана на Украина“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека има охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес наскоро би можел да го отклучи пакетот помош од 60,84 милијарди долари за Украина.
Европа
(Видео) Катастрофални поплави во Русија, куќи под вода, илјадници евакуирани
Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа во близина на границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво. Државната новинска агенција Тасс објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.
Massive flood after the water level in the Ural River risen in Orenburg, Russia 🇷🇺 (13.04.2024)
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/SXxuuoAmI1
— Disaster News (@Top_Disaster) April 13, 2024
Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир беа најтешко погодени од катастрофални поплави во близина на јужната граница со Казахстан. Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во блиската област Тјумен во Сибир.
1/10🌊🇷🇺 #RussiaIsCollapsing
While the Russians fight in #Ukraine 🇺🇦, #Russia is sinking
📍#Kurgan the risk of another dam failure is high
As in #Orenburg & #Orsk, residents leave their homes, leaving dogs chained to deter looters. They won’t survive it. #floods #Rosja #Russie pic.twitter.com/JMURpr5Rbv
— 𝐀𝐧𝐧𝐚 𝐊𝐎𝐌𝐒𝐀 | 🇪🇺🇫🇷🇵🇱🇺🇦 (@tweetforAnna) April 18, 2024
Во моментов има приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе во опасност од поплави. Во четвртокот властите евакуираа 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортираа на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.
Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо. Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.