Европа
Почина британска парламентарка ранета во напад
Џо Кокс, 41-годишна проевропска пратеничка на британската Лабуристичка партија, им подлегна на повредите здобиени во четвртокот во напад со огнено и нож во Бирстал, во близина на Лидс, во северната англиска грофовија Јоркшир, инцидент кој силно ја потресе земјата една седмица пред судбоносниот референдум за останување или излегување од Европската унија.
„Жал ми е што морам да ве известам дека почина од повредите здобиени во нападот“, изјави началничката на локалната полиција Ди Колинс на прес-конференцијата. Смртта била утврдена во 14.48 часот по средноевропско време, додаде.
Потврди дека во нападот вил ранет уште еден 77 годишен маж, но неговиот живот не е во опасност.
Напаѓачот пукал во политичарката најмалку двапати, а потоа ја прободел со нож. Коск останала да лежи и да крвари на тротоарот, а во болница била префрлена со хеликоптер, но лекарите не можеле да ѝ го спасат животот. Трагедијата се случила во близина на градската библиотека каде што Кокс требала да има средба со гласачите, пред очите на десетици случајни минувачи.
Полицијата, којашто го уапси 52-годишниот осомничен за нападот, соопшти дека има „голем број сведоци“. Соседите осомничениот, чии мотиви засега не се познати, го опишуваат како „самотник“. Идентификуван е како Томи Мејр, кој во местото живеел триесетина година.
Во неговиот дом се прави темелен претрес и истрагата е во раната фаза, соопштија од полицијата на Западен Јоркшир.
„Семејството на лабуристите и целата земја се во неверица и тажни поради страшното убиство на Џо Кокс“, реагираше на Twitter претседателот на Лабуристичката партија
„Смртта на Џо Кокс е трагедија. Беше активна и добронамерна. Моите мисли се со нејзиниот сопруг Брендан и нивните две малечки ќеркички“, објави на Twitter, британскиот премиер Дејвид Камерон
Колегите, вклучително и премиерот Камерон, ја сметаа Кокс за една од најперспективните пратеници во парламентот. „Загубивме голема ѕвезда. Имаше голема срце, луѓето ќе бидат многу многу тажни поради ова што се случи“, оцени во соопштението кабинетот на Камерон.
Според очевидец кој зборувал за Sky News, мажот ја нападнал пратеничката со пиштол и нож со повикот „Прво Британија“, додека е во ек кампањата за референдумот за иднината на Обединетото Кралство во ЕУ.
По вестите за нападот врз пратеничката, таборот на приврзаниците на останувањето на земјата во ЕУ објави дека ја прекинува кампањата.
Лабуристичката пратеничка Џо Коск, дипломирана на престижниот универзитет Кембриџ, е од изборната единица Бетли и Спин, во Западен Јоркшир, а беше избрана на последните парламентарни избори во 2015 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.
Европа
Во Германија уапсени 10 лица: за пари набавувале дозволи за престој на странци
Во Германија денеска во полициска акција се уапсени десет лица осомничени дека за големи суми пари набавувале дозволи за престој во Германија за странци од Кина и арапските земји.
„Главни осомничени се двајца адвокати од Келн, а истрагата се води против 38 можни члена на шверцерската банда и против 147 други лица, кои се занимавале со систематски шверц на луѓе“, се вели во соопштението на полициската управа на град веднаш до Келн, кои ја водат операцијата.
Осомничените се обвинети дека донеле странски државјани во Германија и ги набавиле потребните документи за големи суми пари, од 30 до 350 илјади евра. Осомничените основале фиктивни фирми и лажни адреси со кои се регистрирале лица од странство.
Весникот „Билд“ пишува дека меѓу осомничените има и вработени во неколку канцеларии за странци во регионот Рајнланд-Пфалц, кои издавале дозволи за престој за пари. Еден од нив е меѓу уапсените. Како што е соопштено, за време на рацијата била запленета и голема количина пари. Минатата година, со 300.000 бегалци и баратели на азил, Германија забележа значителен пораст на илегалниот влез во земјата.