Контакт

Европа

Почина грузискиот симбол на перестројката – Едуард Шеварнадзе

Објавено пред

Поранешниот претседател на Грузија, и советски министер за надворешни работи Едуард Шеварнадзе, кој почина во понеделникот по долга и тешка болест во 87-та година од животот, ја имаше една од клучните улоги во ставањето крај на Студената војна и во периодот од падот на комунизмот.

dobivaj vesti na viber

Шеварнадзе како шеф на дипломатијата во владата на последниот советски челник Михаил Горбачев во голема мера придонесе за подобрување и затоплување на доносите со западот, пред падот на Берлинскиот ѕид и распадот на Советскиот сојуз. Го сметаат, исто така, за едена од идејните зачетници на „перестројката“, програмата за реформи на советската економија и политика, за којашто Горбачев своевремено рече дека е осмислена за време на прошетка на брегот до Црното Море со неговиот грузиски другар, со кој подоцна, сепак, се разиде. По распадот на Советскиот сојуз, Шеварнадзе се врати во родната Грузија и стана нејзин прв претседател донесувајќи одредена политичка стабилност по периодот на анархија по осамостојувањето. Од власта беше соборен во ткн Револуција на розите во 2003 година којашто имаше поткрепа од Западот, а последните години од животот ги мина својата резиденција, малку патуваше и се појавуваше во јавноста. Шеварнадзе е роден на 25-ти јануари 1928 година во тогашната Транскавкаска Социјалистичка Федеративна Советска Република, којашто ги опфаќаше териториите на денешните Ерменија, Азербејџан и Грузија. Неговиот татко бил учител и убеден комунист, со што не се согласувала мајка му и постојано се обидувала двајцата да ги наговори да престанат да се занимаваат со политика.  Во подмладокот на Комунистичката партија Шеварндзе влегол во 1946 година и брзо напредувал.Во текот на 1970-те години се борел против советската бирократија и вовел пазарни реформи. Со особена жестокост се борел против корупцијата во Комунистичката партија, одземајќи им ги на стотиците функционери луксузните автомобили и вили, а многу од нив и сменувајќи ги од должностите. Неговите реформи биле толкави, што некои историчари дури сметаат дека политиката на гласност и отворање, не ја вовел Горбачев во 1980-те, туку Шеварнадзе една деценија претходно. Како советски министер за надворешни работи во периодот меѓу 185 и 1990 година, кога започна смирувањето на ткн Студена војна, беше на чело на трансформацијата на советската надворешна политика. Иако немаше речиси никакво искуството во надворешната политика, ги предводеше новите советски политики на гласност и перестројка, отворање и реструктуирање.  Учествуваше, така, во преговорите за цела низа важни договори за контролата на вооружувањето, вклучително и за Спогодбата за нуклеарните сили со среден дострел со кој беше елиминирана цела класа атомско вооружување.  Ги повлече и советските трупи од крвавата инвазија во Авганистан и отвори пат кон независноста на државите од источна и од средна Европа од поранешниот Варшавски договор, повлекувајќи ги трупите во границите на Советскиот сојуз.  „Знаете, навистина тогаш го променивме светот (…) и главната заслуга за тоа му припаѓа на Горбачев“, изјави Шеварнадзе во едно интервју до 2000 година. Меѓутоа, со своите либерални ставови си создаде и многу непријатели во конзервативните советски кругови. Со својата драматична оставка во декември 1990 година го изненади и самиот Горбачев. Стравувајќи дека советскиот лидер можеби попушта пред конзервативните елементи, Шеварнадзе драматично предупреди дека СССР го очекува диктатура. Осум месеци подоцна, во август 1991 година, кога на улиците на Москва се појавија тенкови што беше толкувано како обид за државен удар, изгледаше дека прогнозата на Шеварнадзе се остварува.  Тој на барикадите му се придружи на Борис Елцин. Наводниот државен удар беше оневозможен во следните неколку дена и Шеварнадзе повторно стана министер за надворешни работи, но само еден месец. Советскиот сојуз се распадна, како и неговата родна Грузија, во којашто започна граѓанска војна. Во март 1992 година се врати во грузиската престолнина Тбилиси, откако по бегството на тогашниот челник, земјата остана без водство. Без вистински противник лесно ја презема власта, но тешко воведуваше ред, дури и во парламентот. Успеа да ја сопре граѓанската војна, но Грузија и натаму остана нестабилна. Во 1995 година, кусо време откако преживеа атентат, избран е за грузиски претседател.Покрај историскиот проблем на сепаратистичките тенденции на Абхазија и Осетија, Шеварнадзе се соочуваше и со политичкиот спор со соседните држави од блиските нафтоносни полиња во Баку. Корупцијата и натаму се развиваше, па од него почнаа од него да бараат поголеми реформи. Кризата кулминираше во ноември 2003 година, која, по оспоруваната негова победа на претседателските избори, беше соборен со масовни протести на опозицијата. Неговите критичари, коишто го заземаа грузискиот парламент, го обвинија дека е исто толку корумпиран и недемократ, колку и неговите претходници. Шеварнадзе беше притиснат и единствен избор беше да поднесе оставка. „Мислам дека мојата оставка беше единствениот начин да се избегне крвопролевањето“, ќе рече подоцна за тие денови. Човекот којшто, по сопствени зборови, придонесе за крајот на Студената војна, ослободувањето на централна Европа, обединувањето на Германија и демократизирањето на Советскиот сојуз, така од власт беше соборен, по игра на судбината, од луѓето чиешто поимање на демократијата беше сосема спротивно од неговото/крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга

Објавено пред

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.

dobivaj vesti na viber

„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.

Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.

Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.

Прикажи повеќе...

Европа

Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални

Објавено пред

Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.

Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.

Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.

Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.

Прикажи повеќе...

Европа

Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа

Објавено пред

Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.

dobivaj vesti na viber

Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.

Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.

Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.

Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија3 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија4 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија4 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија5 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија6 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија7 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија7 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија7 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија7 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија8 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија8 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија8 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија8 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија9 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија9 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија10 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија12 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија14 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....