Европа
Почина поранешниот руски премиер Евгениј Примаков
Евгениј Максимович Примаков, руски академик и политичар кој беше и на чело на разузнавачката служба и ја извршуваше должноста премиер и министер за надворешни работи 1990-те, почина на возраст од 85 година, соопшти во петокот Кремљ.
Датумот и местото на погребот сé уште не се познати, соопштиле во семејството. Примаков е роден во Киев, растел во Тбилиси, а кариерата ја градеше во Москва. Ќе остане запаметен како огорчен противник на ширењето на НАТО.
Евгениј Примаков, чијашто политичка кариера започна во времето на поранешниот Советски сојуз, го водеше руското министерство за надворешни работи од 1996 до 1998 година, а потоа до 1999 година ја извршуваше должноста претседател на владата.
Беше претседател на советот на претседателот Михаил Горбачев во 1990 и 1991 година, Исто така, имаше висока позиција и во поранешната тајна служба КГБ, а по распадот на СССР и формирањето на Руската Федерација ја извршуваше должноста директор на надворешната разузнавачка служба СВР од 1991 до 1996 година.
„Тој даде решавачки придонес во надвладувањето на последиците од неликвидноста и кризата во 1998 година. Неговата влада помогна да се стабилизира земјата“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Рускиот претседател Владимир Путин изрази „најдлабоко сочувство“ поради смртта на поранешниот премиер Примаков, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Претседателот е информиран за тажната вест…. и го изрази своето најдлабоко сочувство до семејството на Евгениј Максимович и до сите коишто го познавале“, рече Песков./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.