Европа
Полицијата интензивно трага по третиот напаѓач од аеродромот во Брисел
Белгискиот сојузен обвинител Фредерик ван Лев, потврди во вторникот вечерта дека активно се трага по лицето кое е снимено утрото пред терористичките напади на меѓународниот аеродром во Брисел, како и дека во интерес на истрагата не сака да зборува за иследувањата кои интензивно се вршат.
Ван Леув изјави дека двајцата од тројцата мажи кои се гледаат на снимките од безбедносните камери се сметаат за бомбашите самоубијци, додека третиот млад човек во бела јакна и со црна шапка на главата е во бегство и по него интензивно се трага.
На снимката е гледаат тројца мажи кои туркаат колички кои се користат на аеродромите за багаж. Двајцата мажи во дно имаат на левата рака ракавици и се шпекулира дека во тие ракавици се детонаторите со кои ги активирале самоубиствени појаси со експлозив кои ги носеле на себе.
Белгискиот сојузен обвинител Фредерик ван Лев изјави дека во нападите на аеродромот Завентем и метро станицата Малнек има повеќе мртви и ранети, но не сака да прецизира бројки. Според привремените податоци во двата напада во Брисел се убиени 34 луѓе, а околу 230 се ранети, од кои десетина се во критична состојба.
Ван Лев истакна дека во интерес на истрагата нема да објавува поединости. Кога станува збор за преземањето на одговорноста за нападите од страна на Исламската држава, белгискиот обвинител рече дека тоа уште треба да се провери и дека сé уште не утврдена поврзаност меѓу бриселските напади и оние од Париз ланскиот 13-ти ноември кога беа убиени 130 луѓе. Истакна, дека во моментов се вршат полициски претреси на повеќе локации низ Белгија.
Претходно белгиската агенција Belga од неименувани полициски извори добила потврда дека полицијата на аеродромот Завентем пронашла отфрлен појас со експлозив кој го уништиле во контролирана експлозија. Бил пронајден наводно и автомат „калашников“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Силен земјотрес во Италија, почувствуван и во Словенија и Хрватска
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека вечерва во 22 часот и 20 минути, северниот дел на Италија е погоден од земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил на 13 километри од градот Толмецо.
Според првите податоци, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.
Се почувствува и во соседните земји, вклучително и Словенија и дел од Хрватска, пишуваат хрватските медиуми.
Европа
Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва се искачи на 143
Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека бројот на загинати во терористичкиот напад на Crocus City Hall во предградието на Москва се искачи на 143.
Како што соопшти претходно денеска Рускиот истражен комитет, веќе се идентификувани телата на 84 жртви. Меѓу нив има пет деца на возраст од девет до 16 години.
Нападот на концертната сала Crocus City Hall во Красногорск кај Москва се случи во петокот вечерта, кога неколку вооружени терористи во маскирни униформи влегоа во објектот и отворија оган врз присутните.
Тие активирале експлозивни направи на повеќе места, што предизвикало пожар, поради што се урнал покривот, а концертната сала целосно изгорела.
Европа
Украинците погодија четири руски бродови во жесток ракетен напад
Во неделата, Украинците ја нападнаа руската Црноморска флота во Севастопол, во окупираниот Крим. Соработник на Форбс дава детална анализа на воениот потфат и последиците за двете страни. Првично беше кажано дека биле погодени два руски брода, но ажурираниот извештај на украинските власти вели дека во нападот биле погодени четири брода – со крстосувачки ракети „Storm Shadow“ или „SCALP-EG“, или можеби со ракети Neptune.
Меѓу оштетените пловни објекти, наводно, има два активни амфибиски брода од класата Ропуча, Јамал и Азов, како и неактивен јуришен десантен брод од истата класа по име Костијантин Олшански, кој Русија го заплени од Украина за време на инвазијата на Крим во 2014 година. Четвртиот оштетен брод е разузнавачкиот „Иван Хурс“, кој преживеа напад од беспилотни летала на украинската морнарица пред 10 месеци.
Иако сателитските снимки на Севастопол се чини дека потврдуваат оштетување на неколку бродови, тие не даваат докази за очигледното потонување на ниту еден од нив. Можно е сите четири брода да бидат поправени.
Сепак, овој напад барем привремено ја намали – за околу 15 проценти – црноморската флота, која пред војната броеше околу десетина десантни бродови. Пред една година, кога рускиот гарнизон во јужна Украина беше значително зависен од поморските комуникациски линии за транспорт на муниција до бригадите и полковите на фронтот, ова ќе беше огромен проблем за Кремљ.
Satellite images of all four project 775 ropucha-class landing ships in Sevastopol.
Near one of the ships, a trace of an impact on the pier is visible. Another ship is being towed into the dry dock. But on the satellite images provided, no significant damage to the ships is… https://t.co/wBcb5yWhJb pic.twitter.com/ThIJI1Fwvj— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) March 24, 2024
Сепак, руските инженери неодамна ја завршија новата железничка рута меѓу Ростов во јужна Русија и Мариупол во окупирана јужна Украина, што значи дека повеќе нема потреба од транспорт на опрема по морски пат до руските војници на јужниот фронт. Железниците се релативно лесни за поправка и потешко се запираат од бродовите.
Тоа значи дека нападите врз руските десантни бродови не се толку проблематични за Москва како што беа порано. Меѓутоа, ако треба да изберат дали ќе ги уништат и оштетат руските бродови или не, Украинците природно ќе го претпочитаат првото.
Во две години жестоки борби, Украинците оштетија или потопија (со проектили или експлозивни поморски беспилотни летала) седум активни десантни пловила од класата Ропуча и еден десантен брод од класата Тапир. Уништија и еден крстосувач, подморница, брод за снабдување, неколку патролни чамци и две ракетни корвети, а оштетија и еден шпионски брод. Пред почетокот на војната, Црноморската флота броела околу триесет големи бродови.
Со ова темпо, црноморската флота би можела да стане нефункционална во следните 18 месеци до две години. Пошироката руска морнарица не може да направи многу за да го запре падот на флотата, бидејќи не може да се засили со големи бродови.
Големите бродови кои не можат да се движат по копно или реки мора да влезат во Црното Море преку Босфорот, кој е под контрола на Турција.
Таа земја не дозволува завојуваните страни да го користат преминот во време на војна.