Европа
Полицијата со солзавец ги смири мигрантите во кампот во Кале
Полицијата и работниците се оставени да урнат дел од кампот во францускиот град Кале, од каде мигрантите преку Евротунелот се обидуваат да стигнат до Велика Британија, во вторник наутро, по ноќ исполнета со насилство во овој град.
Проблемите настанаа во кампот популарно наречен „Џунгла“, во понеделник доцна попладне, кога работниците се обиделе да го разурнат јуѓниот дел од кампот.Мала група бегалци и мигранти почнале да фрлаат камења на работниците и на полицијата која одговорила со солзавец. Неколку шатори биле запалени како дел од протестот.Полицијата ја смирила ситуацијата, но таа повторно ексалирала кога стотина мигранти се упатиле кон капијата и се обиделе да влезат во камионите.Фотографиите објавени од кампот покажуваат мигранти кои носат стапови, и поставуваат пречки за да не можат камионите да стигнат до капијата.Според сведоци, мигрантите фрлаат камења и други отпадоци со цел да се прикрадат до камионите, да се скријат во нив со цел да стигнат до Велика Британија. Според еден сведок, некои од нив носат и ножеви. Автомобилите се постојано сопирани крај патот, заради нивна безбедност, а некои од нив завршиле и со скршени прозорци. „Ова беше како сцена од герила војна, фрлаа камења кон автомобилите. Дојдоа накај нас со ножови вперени во нас“, вели една жена за радиото Europe1.Полицијата воспоставила ред на патот, употребувајќи солзавец за да ги растера мигрантите. Но, сепак, автопатот кој поминува крај кампот бил редуциран на само една лента во текот на ноќта, со цел да се превенира мигрантите да не се обидат повторно да стигант до камионите.Мигрантите кои живееја во јужниот дел од кампот, а кој беше растурен се преместени во контејнери во други делови од кампот, а некои се преместени во други кампови низ Франција.Некои доброволно заминуваат во други кампови сметајќи дека на тој начин им се зголемуваат шансите да побараат азил во Велика Британија.„Ние спроведуваме наредби и мигрантите мора да го напуштат кампот, а ова утро продолжуваме со работа. Така ќе обезбедиме работниците да продолжат со растурање на кампот, а мигрантите да не бидат под влијание на активистите на No Borders“, вели вработен во локалната самоуправа Фабијана Бушо.Таа ги обвини активистите на No Borders дека им се закануваат на надлежните кои дошле да ги прераспределат мигрантите во други кампови.Според Бучо, три четвртини од јужниот дел на кампот се испразнети, откако францускиот суд во четвртокот одобри размонтирање на кампот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.