Контакт

Европа

Полска ги зајакнува граничните премини кон Украина: Се градат утврдувања и набљудувачки пунктови

Објавено пред

Полска ја зајакнува безбедноста на граничните премини кон Украина, изјави во вторникот министерот за одбрана Владислав Косињак-Камиш, откако за време на викендот руски беспилотни летала извршија напади на само неколку километри од границите на оваа земја-членка на НАТО.

Напад со беспилотно летало врз воз и камион
Руско беспилотно летало во неделата погоди патнички воз на украинско-полската граница, додека друго погоди камион на блиска бензинска пумпа. Граничната служба подоцна соопшти дека морале да го запрат сообраќајот преку границата, да ги евакуираат луѓето од возилата и да побараат засолниште.

Полска ја зајакнува граничната инфраструктура
„Неодамнешните настани покажуваат дека дејствијата на Русија ја загрозуваат безбедноста на цела Европа. Во согласност со одлуката на нашата влада, се зајакнува инфраструктурата што ја користи граничната служба“, напиша Косињак-Камиш на платформата „Икс“.

„Војниците од 18-тиот инженериски полк веќе извршуваат задачи за зајакнување на контролните пунктови и инфраструктурата во близина на полско-украинската граница“, додаде тој.

Командата на полската армија во посебно соопштение наведе дека инженериските единици градат гранични утврдувања во форма на склопливи контејнери обложени со жичена мрежа, кои можат да се полнат со песок или чакал и да служат како заштита од експлозии или како потпорни структури.

Градежните работи опфаќаат и изградба на набљудувачки и стражарски пунктови во близина на полско-украинската граница, на граничните премини Дорохуск, Медика и Корчова, се додава во соопштението.

Најново

Економија5 минути

Серафимовски: Со 9,5 милиони евра ги намалуваме трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски утринава ги додели првите картички за зелена нафта во Свети Николе, а...

Економија8 минути

СДСМ: Ребалансот на Буџетот е затоа што нема пари за плати и пензии до крајот на годината

Владата подготвува нов ребаланс на Буџетот поради недостиг од средства за исплата на плати, пензии и покривање на тековните трошоци...

Свет15 минути

Јужна Кореја го повлекува амбасадорот од Украина по дипломатски спор со Киев

Јужна Кореја соопшти дека го повлекува својот амбасадор од Украина, по дипломатскиот спор што избувна меѓу двете земји откако украинскиот...

Регион27 минути

Бугарија ги кани Русија и Украина на иста маса во врска со Црното Море

Бугарија предложи преговори меѓу шесте земји што граничат со Црното Море со цел да се постигне договор за мораториум на...

Македонија36 минути

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул 

Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9...

Македонија41 минута

(Видео) Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција

Пратеникот и заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изјави дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со своите изјави за...

Македонија45 минути

До крајот на неделава пристигнува првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери; Ѓорѓиевски се пофали: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“ веќе се предадени на градот и...

Македонија56 минути

Муцунски за Коридорот 8 во Софија: Поврзаноста е стратешки инструмент за безбедност, отпорност и економски развој

Денеска во Софија, на покана на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, министерот за надворешни работи и...

Македонија1 час

Исмаил: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

Пратеникот и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, реагира на обидите на СДС да ја претстават Левица како против...