Контакт

Европа

Полска од САД сака да купи крстосувачки ракети

Објавено пред

Полскиот министер за Томаш Сиемониак изјави во четвртокот дека испратил барање до САД за купување крстосувачки ракети „Tomahawk“ за своите нови подморници.

dobivaj vesti na viber

„Едно од оружјата со коишто сакаме да ги опремиме подморниците се крстосувачките ракети“, изјави министерот за одбрана Томаш Сиемониак за полското национално радио по сличните написи во весниците.

Сиемониак додаде дека околу 100.000 војници на НАТО ќе учествуваат на воените вежби во Полска во текот на 2015 година, меѓу нив и 5.000 припадници на новите сили за брзо дејствување.

Оваа поранешна комунистичка земја и членка на поранешниот воен Варшавски пакт која во НАТО влезе во 1999 година е загрижена од наводната руска вмешаност во судирите во источна Украина. Од почетокот на украинската криза полските политичари на власт ги повикаа НАТО и САД да го зголеми своето присуство во регионот. Варшава, исто така, ја забрза модернизацијата на својата армија со околу 33 милијарди долари.

Полска ќе ја провери својата подготвеноста за можен воен судир, изјави генералот Станислав Козиеј, шеф на Советот за национална безбедност, говорејќи за воените вежби кои треба да започнат на почетокот од втората половина на 2015 година.

Додаде дека Русија „води информативна војна“ против Западот. „Нема сомневања дека Полска во таа смисла е поголема цел на руската агресија… Таа се спроведува спроведува низ телевизијата радиото и социјалните мрежи“, рече Козиеј алудирајќи на зачестените извештаи и написи во полските медиуми околу штетите што ги трпи полската економија од западните санкции против Москва и руските против мерки, како и за тоа дека со големото присуство на странски војници на полска територија се претвора во потенцијална цел на руските ракетни системи. „Тоа не се спонтани, изолирани активности, туку координиран и организирана активност“, заклучи генералот Козиеј./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Уапсена албанска банда во Британија која киднапирала човек и барала откуп од 400.000 фунти

Објавено пред

Британската полиција уапсила албанска банда која киднапирала 30-годишен маж и барала откуп од 400.000 фунти, а Албанците ја тепале и мачеле жртвата поради неплатени долгови.

dobivaj vesti na viber

Лондонската полиција, британската Национална агенција за криминал (NCA) и албанската полиција извршија серија рации минатата недела за да го спасат киднапираниот маж.

НЦА соопшти дека пет мажи и една жена се обвинети за киднапирање и закани за убиство.

Албанската полиција соопшти дека уапсила седум лица, сите државјани на Албанија, пишува британски „Телеграф“.

Киднаперите го контактирале братот на жртвата и му испратиле видео снимки, по што тој повикал албанска полиција.

Наводно, бандата побарала откуп од 400.000 фунти од семејството и им дала четири дена да ја наплатат споменатата сума.

Полицијата го пронашла и ослободила 30-годишниот и тој сега е безбеден под полициска заштита.

– Добивме информација за киднапиран 30-годишен Албанец во Англија, за кого се бара откуп од 400.000 фунти. Албанската полиција ја сподели информацијата со Велика Британија, која потоа започна спасувачка акција – изјави портпаролот на албанската полиција, пренесе Новости.рс.

Прикажи повеќе...

Европа

Аналитичари: Путин ќе ја интензивира војната во Украина

Објавено пред

Путин ќе оди на заострување на војната и нуклеарната закана во Украина, но сепак треба да видиме дали се можни мировни преговори, оценуваат аналитичарите и медиумите во ЕУ и САД.

dobivaj vesti na viber

Кина и Индија би можеле да помогнат таму во свој интерес, велат тие, според медиумите во светот.

Италијанската „Република“ во извештај јавува дека американските аналитичари се разочарани и сметаат дека Путин ќе ја продолжи политиката на интензивирање на војната во Украина иако се сметаше дека по анексијата на источноукраинските области, Русија ќе ѝ даде простор на дипломатијата.

Како што забележуваат некои аналитичари, сега останува прашањето кои се стратешките цели на Западот во украинската војна – да спречи руска воена победа или да го собори рускиот претседател и да ја фрли Русија на колена, како што претходно нагласија највисоките американски претставници, пишуваат медиумите.

Според нив, некои угледни американски аналитичари се на мислење дека Пекинг и Њу Делхи треба да се охрабрат да влијаат на Москва за да се запре војната бидејќи и кинескиот и индискиот лидер деновиве му порачале на рускиот претседател дека треба да се запре конфликтот што го загрозува светскиот мир и стабилност.

Францускиот весник „Монд“ во рецензија вели дека „Путин за неколку месеци ја затвори вратата на дијалог и дипломатија и влезе во војна без никакви правила, неговата судбина сега е неумоливо поврзана со она што ќе го даде“.

„Не се работи за Русија бидејќи ако тоа е доживотна битка за опстанок, тогаш тоа се однесува само на Путин“, пишува „Монд“.

Аналитичарите се согласни дека војната лесно може да се разгори уште повеќе, американските воени стратези размислуваат што ќе направат САД и Западот доколку Путин употреби тактичко нуклеарно оружје, а „Њујорк тајмс“ пишува дека Пентагон веќе се подготвува да воспостави американска воена команда во Германија, јавуваат агенциите.

Американскиот весник „Њујоркер“ пишува дека американските воени лидери подготвиле неколку сериозни планови во случај Русија да употреби нуклеарно оружје во Украина.

Западните медиуми го пренесоа и предупредувањето на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, кој упорно се залага за спогодба на Западот со Москва, и дека „Русија ќе биде уништена доколку употреби нуклеарно оружје“.

Ако поради воени неуспеси и слабост Русија беше принудена да ги промени стратегијата и целите во „специјалната операција“ во Украина, Западот изгледа не се откажа од стратешката цел да го собори Путин од власт, што произлегува од некои американски анализи, пренесе бриселскиот портал „Политико“.

Според тие процени, дванаесет луѓе би можеле да бидат подготвени да го заменат Путин на командниот мост на Русија.

Прикажи повеќе...

Европа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Објавено пред

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора да дејствуваме самите, и затоа Австрија прави се за да се заштити и сака да преземе дополнителни мерки со Унгарија и Србија во борбата против илегалната миграција, најави претходно австрискиот канцелар Карл Нехамер на Самитот за илегална миграција во Будимпешта.

dobivaj vesti na viber

Нехамер во Будимпешта ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и со унгарскиот премиер Виктор Орбан, како што е најавено во Виена, поради зголемениот мигрантски бран преку балканската рута.

„Австрија во моментов е масовно погодена од илегалната миграција. Солидарниот придонес што го даваме во Европа е пропорционално голем“, нагласи австрискиот канцелар,пренесе Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија28 минути

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет57 минути

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија1 час

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет2 часа

Бројот на загинати од ураганот Ијан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Иан во САД се искачи на повеќе од 80, бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет3 часа

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет3 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност откако половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа3 часа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора да дејствуваме самите, и затоа Австрија прави се за да се...

Свет3 часа

Поранешниот шеф на ЦИА Дејвид Петреус испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опрема во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет3 часа

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостаток на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити, откако болеста ненадејно се врати поради недостаток на гориво и чиста вода...

Регион13 часа

Петков го призна поразот, нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов

Коалицијата ГЕРБ-СДС преводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија. Излезните анкети на бугарските агенции предвидуваат освојување на...

Топ14 часа

Девет земји меѓу кои и Македонија го поддржаа членството на Украина во НАТО, Зеленски им се заблагодари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека девет земји од Централна и Источна Европа го поддржуваат членството на...

Свет18 часа

НАТО: Украинците го ослободија Лиман благодарение на храброста, но и на американското оружје

Украинското ослободување на градот Лиман докажува дека украинската армија напредува и може да ги потисне руските сили, изјави денеска за...

Македонија20 часа

ЛДП го предлага Пенов за нов министер за локална самоуправа

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница ја разгледа оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, и го прифати...

Македонија22 часа

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Северна Македонија

Бугарија е главен извозник на струја во регионот и подготвени сме да го зголемиме извозот во Северна Македонија, изјави бугарскиот...

Македонија24 часа

Лефков: Аферата „Броило“ покажува како Ковачевски и неговиот кум свртеле 26 милиони евра

Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е...

Македонија1 ден

Пендаровски и уште осум претседатели на членки на НАТО: „Русија веднаш да се повлече од окупираните територии“

Претседатели на дел од земјите-членки на НАТО од централна и источна Европа, меѓу кои и Стево Пендаровски, во заедничка изјава...

Регион1 ден

Бугарите гласаат на четвртите избори за помалку од две години

Бугарите денес гласаат на четвртите национални избори за помалку од две години, со мала надеж дека ќе се појави стабилна...

Свет1 ден

САД за украинското заземање на Лиман: Сега ќе им биде потешко на Русите

Американскиот секретар за одбрана го поздрави украинското заземање на Лиман, клучното руско упориште во источна Украина. „Многу сме охрабрени од...

Македонија2 дена

Фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија, по денешните состаноци...

Свет2 дена

Русија објави дека ја повлекла војската од Лиман

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ги повлекла руските војници од стратешкиот град Лиман во источна Украина. Како што...