Контакт

Европа

Полска слави 1050 години од своето покрстување

Објавено пред

Католичката црква и полските политички власти во четвртокот започнаа да ја одбележуваат 1050 годишнината од појавата на христијанството во земјата, што се смета за почетокот на создавањето на полската држава. 

dobivaj vesti na viber

Сите полски кардинали и бискупи се собраа во четвртокот Гнезно, поранешна престолнина украсена во поите на полското и ватиканското знаме, во присуство на државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин, пратеник на папата Франциск.

Врските на Католичката црква и полската држава секогаш биле добри, имајќи предвид дека католиштвото за голем дел од Полјаците е дел од нивниот национален идентитет. Тие во името на верата војувале низ историјата и ја одбележуваат победата над Турците во Виена во 1683 година, и врз болшевичката армија во близина на Варшава во 1920 година. Во времето на изборната монархија полските црковни првенци го обезбедувале преминот на власта во времето на смртта меѓу на еден крал и изборот на неговиот наследник.

„Во 996 година, кога Полска го примила христијанството, го одбележа влегувањето на Полска во Европа“, изјави пред почетокот на свеченоста монсињор Гадецки, додавајќи дека земјата тогаш добила пристап до 2илјадагодишната грчка, римска и хебрејска култура“.

Примањето на христијанството „го поттикна обединувањето на Европа“, изјави за AFP кардиналот Петер Ердо, надбискуп на Будимпешта и претседател на Советот на европските бискупски конференции, ко „илјада години христијанство не ја претвори во еднолична сива маса, туку напротив, придонесе за раст на секоја единечна земја“.

Неговата изјава е блиска до повеќето полски бискупи, кои го прифаќајќи го ставот на покојниот папа Јован Павле Втори, за христијанските корени на Европа, сакаат да застанат во одбраната на католичкиот идентитет на својата земја, стравувајќи од секуларизацијата којашто доаѓа од Западот.

Неколку полски бискупи, меѓу кои и Славој Лешек Глож, надбискуп на Гдањск, ја истакнаа разликата меѓу денешната прослава којашто ја одбележува „складот“ меѓу црквата и државата и тензиите кои владееле пред половина век, кога комунистичката власт настојувала да го искористи одбележувањето на илјада години од покрстувањето на Полјаците за да ја намали улогата на верата./крај/мф/сн

Извор: AFP

Европа

Во недела голем тест за Ердоган: ќе успее ли „султанот на Турција“ повторно да ја освои власта во Истанбул и Анкара

Објавено пред

Во недела во Турција ќе се одржат општински избори, а во оваа прилика партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган (АКП) ќе се обиде да ја врати контролата врз Истанбул и Анкара, градови кои гласаа против АКП во 2019 година.

dobivaj vesti na viber

Аналитичарите тврдат дека овие избори ќе бидат мерка за поддршка на Ердоган на национално ниво, но и за силата на опозицијата, особено на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу. Според Ројтерс, се очекува тесна трка за градот Босфор, кој е дом на повеќе од 16 милиони луѓе и придонесува повеќе од една четвртина од националниот БДП.

На последното локално гласање во 2019 година, главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) го изненади Ердоган кога преовлада во Истанбул и Анкара, ставајќи крај на повеќе од две децении владеење на АКП и нејзините исламистички претходници.

Главниот противник на актуелниот градоначалник на Истанбул, пратеникот на ЦХП, Имамоглу е членот на АКП, Мурат Курум, поранешен министер во кабинетот, додека анкетите покажуваат мала предност за Имамоглу. Анкетите велат дека актуелниот градоначалник на Анкара, Мансур Јавас, е далеку пред противникот на АКП, Тургут Алтинок, поранешен претседател на општина во тој град.

Речиси 11 милиони луѓе имаат право на глас во Истанбул, според Врховниот изборен совет. Излезноста на општите и локалните избори е многу висока во Турција, близу 90 проценти. Минатиот мај, Ердоган беше реизбран за претседател и неговата алијанса освои мнозинство во парламентот на тесни општи избори, резултат што, според Ројтерс, ја поделил и деморализирал алијансата ЦХП и другите опозициски партии.

Буџетот на Истанбул е многу поголем од сите други 80 градови во земјата со 516 милијарди лири (16,05 милијарди долари) во 2024 година вклучувајќи ги и нејзините подружници, додека буџетот за главниот град Анкара, од друга страна, е 92 милијарди лири.

Освен во Истанбул и Анкара, резултатите се очекува да бидат блиски и во градовите Бурса, Адана и Анталија. Во недела, Турција ќе гласа и во другите 79 провинции во земјата, за лидери и окружни шефови на провинции, окружни совети и локални администратори.

Прикажи повеќе...

Европа

Силен земјотрес во Италија, почувствуван и во Словенија и Хрватска

Објавено пред

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека вечерва во 22 часот и 20 минути, северниот дел на Италија е погоден од земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала.

dobivaj vesti na viber

Епицентарот на земјотресот бил на 13 километри од градот Толмецо.

Според првите податоци, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

Се почувствува и во соседните земји, вклучително и Словенија и дел од Хрватска, пишуваат хрватските медиуми.

Прикажи повеќе...

Европа

Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва се искачи на 143

Објавено пред

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека бројот на загинати во терористичкиот напад на Crocus City Hall во предградието на Москва се искачи на 143.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти претходно денеска Рускиот истражен комитет, веќе се идентификувани телата на 84 жртви. Меѓу нив има пет деца на возраст од девет до 16 години.

Нападот на концертната сала Crocus City Hall во Красногорск кај Москва се случи во петокот вечерта, кога неколку вооружени терористи во маскирни униформи влегоа во објектот и отворија оган врз присутните.

Тие активирале експлозивни направи на повеќе места, што предизвикало пожар, поради што се урнал покривот, а концертната сала целосно изгорела.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет2 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет2 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија2 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион3 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет3 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет3 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија17 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија19 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија20 часа

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија21 час

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија21 час

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија23 часа

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...