Европа
Полската премиерка предупредува – Европската унија се распаѓа
Полската премиерка Беата Шидло ја предупреди во четвртокот во Братислава на неформалниот самит на Европската унија без Велика Британија, дека ЕУ каква што е сега се распаѓа.
Шидло истакна дека е неопходно да се извршат темелни реформи, со што би се спречило излегувањето на другите членки, како што беше случајот со Велика Британија.
Челникот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пак, вели дека се потребни „помалку национални држави во ЕУ.“
„Не. Ние велиме посилни национални држави. ЕУ каква што е сега се распаѓа. Доколку не спроведеме реформи, доколку не ја промениме и другите држави ќе сакаат да ја напуштат ЕУ“, изјави Беата Шидло за полската приватна телевизија TVN24.
Премиерката ги критикуваше најавите од Брисел и од словачкото претседателство со ЕУ дека неформалниот самит во Братислава ќе биде, пред сé, посветен на тоа да се скенира ЕУ со своите проблеми и да се направи нејзина дијагноза, и дури тогаш да се започне со процесот на решенија кој ќе биде завршен во пролет во Рим на прославата 60 години од потпишувањето на Римскиот договор со ЕУ.
ЕУ мора да се реформира и тие реформи да бидат длабоки. Можеби ќе мораме да разговараме и за измените во основните договори.
„Полска презема одговорност за ЕУ. Ако ЕУ треба да опстане и ако треба да им служи на европејци, ако треба да се сконцентрира на развивањето и безбедноста, тогаш мора да се промени. Досегашната политика предизвикуваше кризи“, вели Шидло.
Полската премиерка ги обвини претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, дека кризата ги носи нивните имиња.
„Досегашната политика доведе до криза. Таа криза има конкретно име, името на оние лидери кои не реагирале соодветно и навремено. Тоа се лидерите кои денес стојат на чело на европската институција. Тие денес се обидуваат да го предложат досегашниот модел на ЕУ и тврдат дека ништо не се случило“, додава Шидло.
Беата Шидло ја одби резолуцијата на ЕП во која европратениците бараат од полската власт, според нив, да престане да го блокира Уставниот суд и да најдат решение на спорот во согласност со препораките на Венецијанската комисија на Советот на Европа, затоа што се парализира Уставниот суд и различни контроверзни закони, на пример оној со кој јавните телевизии и радио сервисот, како и националната агенција ПАП се претворени во државни медиуми или постои максимална политизација на државната управа каде што наместо главен критериум е партиската лојалност, загрозувањето на демократијата, основните права на Полска и правната држава на Полска.
ЕП во ваков тежок момент за ЕУ се занимава со дебата која нема формална основа. Дозволи да биде вовлечен во играта на полската опозиција, кажа полската премиерка заTVN24./крај/мф/љс
Извор: TVN24
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.