Европа
Поранешниот француски претседател Саркози се подготвува за нова кандидатура
Поранешниот француски претседател Николас Саркози најави поднесува оставка на должноста претседател на конзервативната партија Републиканци за да може повторно да се кандидира на претседателските избори кои ќе се одржат пролетта следната година.
На членовите на партијата, Николас Саркози им соопштил во саботата дека тоа е последен состанок којшто тој го води како претседател, бидејќи сака да се кандидира на претстојни француски претседателски избори.
Членовите на партијата Републиканци и на другите партии од десницата, односно на десниот центар, во ноември на предизбори ќе одлучуваат кој ќе биде нивниот кандидат на претседателските избори во 2017 година.
Избраниот кандидат ќе се соочи со Марин Лепен, кандидатката на партијата од крајната десница Национален фронт чија поддршка е во подем последните повеќе од дванаесет месеци, како и со кандидатот на сега владејачката Социјалистичка партија, најверојатно актуелниот претседател Франсоа Оланд, кој, пак, има историски најниска поддршка во историјата на Републиката.
„Овој Национален совет на партијата е мојот последен состанок на кој учествувам како претседател на Републиканците“, рекол Саркози на партискиот собир, додавајќи оти смета дека на претстојните избори ќе бидат фер и натпревар на силни личности и таленти.
Во текот на годинава кандидатот на десниот центар Алан Жипе во анкетите беше популарен од Саркози, но поранешниот француски претседател во периодот од 2007 до 2012 година си обезбеди поддршка од партиските приврзаници, покажа неодамнешната анкета. Тоа, според медиумите, значи дека битката за кандидатот на десницата ќе биде пожестока отколку што се сметаше./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.