Европа
Порошенко го покренува планот ’Б’ за источна Украина
Воспоставувањето на мирот во источна Украина останува клучна цел на претседателот на Украина, но истовремено се менуваат начините за негово постигнување, и Петро Порошенко премина на планот „Б“, изјави во вторникот овластената претставничка на украинскиот претседател за мирно решавање на ситуацијата во Луганскиот и Донецкиот регион, Ирина Герашченко.
Претходно ноќта кон вторникот украинскиот претседател Петро Порошенко одлучи ја да продолжи активната фаза од воената операција за враќање на контролата над источниот дел од земјата, десет дена по траењето на прекинот на огнот што го прогласи на 20-ти јуни, а го прифатија и проруските бунтовници.
Само неколку часа по истекот на дополнителните 72 часа од примирјето, Порошенко изјави дека ќе ја обнови офанзивата на владините сили и „ќе ја ослободи украинската територија“, отфрлајќи ги предлозите на Брисел и на Москва да го продолжи примирјето, како и понудата на Русија за разместување украински граничари и набљудувачи на ОБСЕ од руската страна на заедничките премиени. Тој ги обвини проруските бунтовници дека „стотина пати го прекршија прекинот на огнот“, како и Русија дека ги разгорува тензиите во источна Украина.
„Постигнувањето мир во источниот дел од земјата останува клучната цел на претседателот, но сега се изменети методите за постигнувањето на мирна ситуација (…) сега претседателот на Украина мина на планот ’Б’“, изјави Герашченко за медиумите во вторникот. Според неа, Порошенко побарал од армијата неутрализација на бунтовниците, но со внимание да не страда цивилното населени.
Објавувањето на одлуката да не го продолжи примирјето, Порошенко ја соопшти по долгиот четиристран телефонски разговор со челниците на Русија, Франција и Германија, а потоа, откако ја донесел одлуката за продолжување на воените дејствија повторно ноќта кон вторникот имал телефонски разговор со францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел,, како и со американскиот државен секретар Џон Кери во кој им го образложил решението да не го продолжи прекинот на огнот.
„Во текот на разговорите Петро Прошенко ги информираше партнерите со кој води постојан дијалог, за тоа дека на 30-ти јуни истече рокот за прекинот на огнот, и по состанокот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина беше донесено решение за непродолжување на неговото дејствување“, се вели во соопштението на кабинетот на украинскиот претседател.
Порошенко, исто така, во разговорот со западните челници истакнал дека е подготвен да започне „политички преговори без никакви дополнителни услов“, доколку конфронтираните страни започнат да се придржуваат на мировниот план за надминување на судирот во источна Украина. Нагласил и дека Киев е подготвен да го врати прекинот на огнот само доколку страните се придржуваат до главните точки од неговиот план.
Украинските медиуми пишуваат дека Порошенко кој беше под притисок на Западот да го продолжи примирјето, во земјата се соочува со нараснатиот гнев поради многу загинувања на украинските војници. Така, стотици луѓе се собраа пред неговата резиденција во понеделникот вечерта, очекувајќи ја неговата изјава за натамошната судбина на примирјето. Во соопштението на украинското министерство за надворешни работи, беше објавено дека 27 украински војници загинале а 69 се ранети откако започнало примирјето на 20-ти јуни./крај/мф/сн
Извор: УНН
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германија уапси две лица: соработувале со Русите, планирале да ја саботираат армијата
Две лица, кои, освен германско, имаат и руско државјанство, се уапсени во Германија поради наводно планирање саботирање воени објекти, вклучително и американски, со цел да ја поткопаат воената поддршка за Украина, соопшти денеска германското Обвинителство. Властите извршија претрес во домовите и работните места на двајцата осомничени, кои се обвинети дека работеле за странска тајна служба, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Еден од осомничените, идентификуван како Дитер С., разговарал за можни заговори со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година, се посочува во соопштението.
Дитер С. подготвувал бомбашки напади и палење во воени објекти, вклучително и оние со кои управуваат американските сили, се додава во соопштението.
Според магазинот „Шпигел“, еден од објектите е воената база „Графенвоер“, во јужната сојузна држава Баварија, каде што украинските војници се обучуваат да управуваат со американските тенкови „Абрамс“. Руската амбасада во Берлин не одговори веднаш на барањето за коментар.
„Намерата на акциите беше да се поткопа воената поддршка што Германија и ја дава на Украина против руската воена агресија“, се вели во соопштението на германските обвинители.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.