Европа
Порошенко, НАТО и ЕУ ја поздравија одлуката на Путин за воено попуштање
Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави во вторникот дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја отповика резолуцијата на парламентот за употреба на војската во Украина претставува „првиот практичен чекор“ кон смирување на ситуацијата на немирниот проруски украински исток, а исто така одлуката беше поздравена од НАТО и Европската унија.
Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави во вторникот дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја отповика резолуцијата на парламентот за употреба на војската во Украина претставува „првиот практичен чекор“ кон смирување на ситуацијата на немирниот проруски украински исток, а исто така одлуката беше поздравена од НАТО и Европската унија.
„Оваа одлука е првиот практичен чекор откако рускиот претседател и официјално го поддржа украинскиот мировен план“ се вели во соопштените објавено на интернет страницата на украинскиот претседател Петро Порошенко.
Претходно во вторникот Кремљ објави дека Путин побарал до горниот дом на парламентот да ја отповика резолуцијата од 1-ви март со којашто како на врховен командант му се дозволува употреба на руските вооружени сили на територијата на Украина за заштита на руското и русофонското население. Според неговиот советник Дмитриј Песков, Путин со оваа одлука сака да ги поткрепи мировните преговори коишто треба да доведат до прекин на судирите меѓу украинската армија и проруските милиции во побунетите источни региони од земјата.
Во НАТО, исто така, оценија дека предлогот на Путин да ја поништи одлуката за употреба на вооружените сили во Украина може да претставува првиот практичен чекор на Москва кон деескалација на кризата, и повикаа на нови чекори од страна на Москва за стабилизирање на ситуацијата во Украина, изјави во вторникот портпаролката на Алијансата, Оана Лунгеску.
„Ја примивме на знаење изјавата на претседателот Путин за предлогот до рускиот парламент да го отповика овластувањето за употребата на руските вооружени сили во Украина. Го споделуваме ставот на (украинскиот претседател Петро) Порошенко, дека тоа може да се смета за првиот конкретен чекор на Русија за деескалација на ситуацијата во Украина“, изјави Лунгеску.
Истакна и дека НАТО повикува на преземање нови чекори за смирување на ситуацијата, особено за повлекување на руските војници и воената опреме од украинската граница.
„Очекуваме дека Русија ќе ги повлече војниците и воената инфраструктура од украинската граница и ќе ја прекине поддршката на вооружение сепаратистички групи, протокот на оружје и платеници преку границата, како и дека јавно да го осуди сепаратистичкото насилство во Украина во согласност со Женевскиот договор“, изјави портпаролката на НАТО.
Европската унија го поздрави чекорот на Путин за укинување на споменатата резолуција за употреба на војската во соседната земај, и се надева на брзо спроведување на овие чекори, изјави Маја Коцијанчич, портпаролката на високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Кетрин Ештон.
„ЕУ постојано ја повикуваше Русија да го укине овластувањето на Советот на Федерацијата за употреба на силите во Украина. Го поздравуваме овој чекор преземен од страна на Путин во таа насока и се надеваме дека тој ќе биде исполнет неодложно“, изјави Коцијанчич.
Истакна и дека ЕУ „исто така ја повикува Русија да го поддржи мировниот план претставен од претседателот Порошенко и да преземе активни мерки за да се запре приливот на илегални борци, оружје и опрема преку границата на Украина, да влијае врз сепаратистите да ги прекинат насилствата и да продолжи со повлекувањето на војниците од пограничните области“.
„Тоа значително ќе придонесе за деескалирањето на ситуацијата ќе го отвори патот кон политичкото решени на сегашната криза“, рече портпаролката на европската дипломатија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.
Европа
Столтенберг: НАТО работи на испорака на повеќе „Патриоти“ во Украина
НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, додавајќи дека доцнењето во обезбедувањето таква помош им наштетува на напорите на Киев да се спротивстави на руските напади.
„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите „Патриот“. И ние работиме со сојузниците за да се осигураме дека тие прераспоредуваат некои од нивните системи во Украина“, изјави тој за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.
„Работиме на можноста за испорака на повеќе батерии „Патриот“ за Украина. Водиме дијалог со некои земји“, рече Столтенберг, нарекувајќи го снабдувањето на „Патриотите“ „критично“, бидејќи тоа е најнапредниот одбранбен систем на кој алијансата може да смета.
Столтенберг рече дека други одбранбени системи, вклучително и ракетниот систем земја-воздух НАСАМС, може да и бидат доставени на Украина. Тој додаде дека состанокот на Советот НАТО-Украина ќе се одржи утре и дека се очекува виртуелно да учествува украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Охрабрен сум од посветеноста и одлучноста на сојузниците во НАТО да застанат во одбрана на Украина“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека има охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес наскоро би можел да го отклучи пакетот помош од 60,84 милијарди долари за Украина.
Европа
(Видео) Катастрофални поплави во Русија, куќи под вода, илјадници евакуирани
Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа во близина на границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво. Државната новинска агенција Тасс објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.
Massive flood after the water level in the Ural River risen in Orenburg, Russia 🇷🇺 (13.04.2024)
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/SXxuuoAmI1
— Disaster News (@Top_Disaster) April 13, 2024
Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир беа најтешко погодени од катастрофални поплави во близина на јужната граница со Казахстан. Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во блиската област Тјумен во Сибир.
1/10🌊🇷🇺 #RussiaIsCollapsing
While the Russians fight in #Ukraine 🇺🇦, #Russia is sinking
📍#Kurgan the risk of another dam failure is high
As in #Orenburg & #Orsk, residents leave their homes, leaving dogs chained to deter looters. They won’t survive it. #floods #Rosja #Russie pic.twitter.com/JMURpr5Rbv
— 𝐀𝐧𝐧𝐚 𝐊𝐎𝐌𝐒𝐀 | 🇪🇺🇫🇷🇵🇱🇺🇦 (@tweetforAnna) April 18, 2024
Во моментов има приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе во опасност од поплави. Во четвртокот властите евакуираа 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортираа на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.
Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо. Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.