Европа
Порошенко објави дека е постигнат договор за цената за гасот со Москва
Украина и Русија постигнале договор за цената за испораките на рускиот природен гас во текот на претстојната зима, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко за украинската телевизија доцна ноќта во саботата
Украина и Русија постигнале договор за цената за испораките на рускиот природен гас во текот на претстојната зима, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко за украинската телевизија доцна ноќта во саботата
Претходно во саботата украинскиот претседател Петро Порошенко на Twitter објави дека „Украина ќе има гас и гориво, тоа е исходот од вчерашните разговори во Милано“.
Потоа во саботата навечер во интервју за украинската телевизија Порошенко го потврди дека на разговорите со руската страна било договорено до 31-ви март 2015 година цената на „зимската“ цена за рускиот гас да изнесува 385 американски долари за илјада кубни метри, пренесува агенцијата УНИАН.
„Нашиот став, како и ставот на Европската унија е јасен – 325 долари на лето и 385 долари на зима“, Русија се согласи.
Притоа украинскиот челник додал дека Киев за тоа може да ги искористи средствата од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и други меѓународни финансиски институции за да се покрие недостигот на пари за купување на рускиот гас.
„Се договоривме со руските партнери за условите за обновување на испораките на гас за Украина, барем за зимскиот период. Усогласени се одредбите од тој договор“, рече Порошенко за првиот канал на украинската телевизија.
Русксиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека на средбата во Милано со Порошенко би постигнат одреден напредок во разговорите за гасот.
Русија изјави во понеделникот дека е подготвена да испорача до 10 милијарди кубни метри природен гас за Украина во текот на претстојната зина и го повтори предлогот изнесен кон крајот на септември за да се избегне пореметувањето на испораките на руски гас за Европа, но сѐ уште не добила одговор од Киев.
Во текот на седницата на владата во понеделникот, рускиот министер за енергија Александар Новак оцени дека во моментов на Украина ѝ недостигаат меѓу 9 и 10 милијарди кубни метри гас, откако од средината на јуни остана без руски гас поради неплатениот долг, кој според руската државна компанија „Газпром“ изнесува над 5 милијарди американски долари.
Неопходно е да се продолжат испораките на газ за да се гарантира рамнотежата на потрошувачката на енергијата во Украина, како и испораките за европските потрошувачи, истакнато е на состанокот на руската влада, пренесуваат тамошните медиуми.
Министерот Новак смета дека „Газпром“ е подготвен да испорача најмалку 5 милијарди кубни метри гас платен однапред. До уште 5 милијарди дополнителни кубни метри гас би можело да се да бидат продадени според украинските потреби. Цената, како што најави, би изнесувала 385 долари за 1.000 кубни метри или 100 долари помалку од сегашната цена којашто Киев ја оспорува а достигна откако по соборувањето на претседателот Виктор Јанукович новата прозападна влада ги загуби сите привилегии за цената на гасот договорени претходно со Москва./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Возачот на „Фликсбас“ осомничен за убиство од небрежност во Германија
Против возачот на автобусот кој вчера се преврте на германскиот автопат при што загинаа четири лица, а многумина беа повредени, се води истрага за убиство и нанесување телесни повреди од небрежност, соопштија од јавното обвинителство.
Портпаролот на канцеларијата не можеше да каже дали мажот (62) веќе бил сослушан.
Двокатниот европски превозник „Фликсбас“ со 54 лица, меѓу кои и двајца возачи, излетал од автопатот А9 во близина на Лајпциг во средата наутро и се превртел. Автобускиот оператор претходно пријавил дека во автобусот имало 55 лица. Полицијата соопшти дека загинале четири лица, а шест лица се тешко повредени, а 29 лица се полесно повредени.
Не се соопштени детали за здравствената состојба на повредените.
Инспекторите во моментов се фокусирани на утврдување на причините за несреќата. Сите повредени кои се наоѓаат во болница ќе бидат испрашани, доколку тоа им го дозволи здравствената состојба, изјави портпаролката на полицискиот штаб во Лајпциг како одговор на истрагата.
Ќе се нареди и извештај за анализа на автобуската несреќа, соопштија од јавното обвинителство. Првите резултати се очекуваат само за неколку недели.
Идентитетот на четворицата загинати се уште не беше утврден до четвртокот напладне.
„Се трудиме и се надеваме дека ќе можеме да дадеме информации за тоа во попладневните часови“, изјави портпаролката на полицијата.
Автобусот патувал од Берлин до Цирих.
Европа
(Аудио) Кралот Чарлс ја испрати првата јавна порака по дијагнозата на здравјето на Кејт
Порака од кралот Чарлс беше емитувана денеска по повод годишната служба на Величетврток.
Аудиообраќањето на Чарлс беше емитувано на собранието во катедралата „Ворчестер“ во негово отсуство поради тековното лекување на ракот на монархот.
Тој им порача на сите „да ја подадат раката на пријателството“.
„Актот на богослужба, овде во катедралата ‘Ворчестер’, ме потсетува на заклетвата што ја дадов на почетокот на моето крунисување да го следам примерот на Христос ‘да не ми служат, туку да служам’“, рече кралот.
„Тоа е она што секогаш се трудев да го правам и правам со целото мое срце“, додаде тој.
Кралот дојде на тронот пред 18 месеци, а на почетокот на годината му беше дијагностициран рак поради што беше подложен на хемотерапија.
Европа
Заменик-началникот на генералштабот: Британија може да се бори со Русија само 2 месеца
Британските вооружени сили мора да управуваат со оперативниот ризик, што произлегува од недостигот на ресурси што би сакале да ги имаат во идните војни, пишува „Телеграф“.
Информациите се појавија откако Грант Шапс, министерот за одбрана, им рече на пратениците дека лобирал кај премиерот, Риши Сунак, и министерот за економија и финансии, Џереми Хант, повеќе пари во буџетот да се потрошат за одбраната, но не успеал да обезбеди зголемување.
За време на сослушувањето пред пратениците во Комитетот за одбрана на долниот дом, висок офицер на кралските маринци рече: „Ние бевме многу јасни дека сумата што моментно ја трошиме за муниција не ги покрива трошоците во сите области и заканите со кои се соочуваме“.
„Бевме јасни дека треба да потрошиме повеќе пари над буџетот, на она што го нарекуваме интегрирани противвоздушни ракети“.
На прашањето на Марк Франсоа, поранешен министер за вооружени сили, дали е вистина оти Обединетото Кралство „не може да се бори со Владимир Путин повеќе од неколку месеци во целосна воена ситуација поради недостиог на резерви муниција и опрема, Шапс додаде дека секој таков конфликт ќе се води заедно со сојузниците од НАТО, кои заедно би можеле да ја совладаат Русија, наместо само Велика Британија.
„За луѓето што гледаат и слушаат дека Велика Британија не е подготвена за војна исклучиво со Русија, важно е да разберат дека сме во НАТО и постои меѓусојузнички одбранбен договор Член 5, така што никогаш не би биле во таква ситуација“.
Во еден извештај пратениците рекоа дека на вооружените сили им требаат повеќе средства за „учество во операции додека развиваат воена готовност“ или ќе мора да го намалат „оперативниот товар“ на војската.
Поранешните воени началници на комитетот му кажаа дека вооружените сили се ослабени од 2010 година и дека „во конфликт со еднаков противник тие ќе бидат исцрпени по првите неколку месеци од распоредувањето“.
Шапс исто така им рече на пратениците дека лекциите научени од војната во Украина ја покажале важноста на војната со беспилотни летала бидејќи е смртоносна и евтина.
„Ова во Украина е веројатно првата вистинска војна со беспилотни летала и мислам дека никогаш повторно нема да видиме војна која не вклучува тешка употреба на беспилотни летала“, рече тој.
Минатиот месец Обединетото Кралство објави дека, заедно со Латвија, ќе ја предводи новата коалиција за испорака на илјадници беспилотни летала „камикаѕе“ во Украина во услови на растечки недостиг на муниција на фронтот.
„Дроновите ги нарушуваат нормалните факти за војната. Обично секоја генерација станува поскапа за да има смртоносен ефект, но всушност беспилотните летала, кои понекогаш чинат неколку илјади фунти, може да бидат крајно смртоносни“, рече Шапс.
Сепак, тој предупреди дека „основното војување и муницијата“ остануваат важни во секој иден конфликт.