Европа
Порошенко, Путин, Меркел и Оланд во среда во Минск
Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот францускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин, Франсоа Оланд и Петро Порошенико, ќе се сретнат во среда во белоруската престолнина Минск за да го склучат мировниот план за Украина и да избегнат „тотална војна“, објави официјален Берлин во неделата.
Четворицата државници, како што беше најавено претходно, во неделата претпладнето одржале долга телефонска конференција, соопшти кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, во чие соопштение се наведува дека челниците „продолжија да работат на пакетот мерки во рамките на напорите околу глобалното решение на судирот“ во источна Украина. Подготовките ќе продолжат во понеделник во Берлин, за во среда во Минск да се одржи самит на кој ќе се соберат лидерите на четирите земји во ткн „нормандски формат“, според кусата средба којашто ја имаа во јуни минатата година при прославата на 70-годишнината од сојузничката инвазија на Нормандија во Втората светска војна.
Рускиот претседател Владимир Путин веќе во неделата го потврди одржувањето на самитот во Минск. „Се договоривме дека ќе се обидеме да организираме состанок на тој формат меѓу државните челници“, ја пренесе изјавата на Путин руската државна телевизија упатена до белорускиот претседател Александр Лукашенко. „Се подготвуваме за среда, дотогаш да успееме да се договориме за одреден број прашања за коишто интензивно разговаравме во последно време“, истакнал рускиот претседател.
Потписниците на договорот од Минск, од септември 2014 година, првиот обид да се реши судирот во источна Украина, „исто така, ќе се сретнат во Минск до средата“, се наведува во соопштението на кабинетот на Меркел. Станува збор за ткн Контактна група, којашто ја сочинуваат претставниците на владата на Украина, на рускојазичните бунтовници од Донецк и Луганск, на Русија и на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Разговорите во Минкс се дел од мировната иницијативата за „последната шанса“ којашто во четвртокот ја покренаа францускиот претседател и германската канцеларка поради влошувањето на ситуацијата во Украина. Оланд и Меркле во четвртокот во Киев повеќе од десет часа разговараа со претседателот Порошенко и потоа во петокот пет часа во Кремљ со Путин, пресретнувајќи ги американските најави за скорешна можна испорака на смртоносно оружје, што според нив само ќе ја влоши ситуацијата и ќе доведе до разгорување на конфликтот и тотална војна во источна Украина.
Вашингтон од минатата седмица се’ позачестено објавува дека размислува за дополнително воено помагање на Украина, вклучително и со ткн смртоносно оружје, но Париз и Берлин се одлучни во отфрлањето на воената опција. Меркел во саботата изјави дека стравува дека снабдувањето со вакво оружје на украинските сили би го предизвикала рускиот претседател Путин, и смета дека тоа би довело само до зголемување на бројот на жртвите кој од април 2014-та веќе надмина 5.300.
„Франција и Германија во моментов се обидуваат во Украина да постигнат мир, не на хартија“, изјави во неделата францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус на меѓународната конференција за безбедност во Минхен./крај/мф/сн
Француско-германскиот мировен план предвидува поголема автономија за одметнатите региони, изјави за AFP еден висок неименуван функционер на американскиот Стејт департмент.
Всушност, станува збор за гарантирање на специјалниот статус на источниот украински регион познат како Донбас во кој се доминантни рускојазичните Украинци и етничките Руси, кој беше договорен со септемвриската Минска спогодба а по предлог на претседателот Порошенко го усвои Врховната Рада. Овој договор ја проширува и демилитаризираната „тампон“ зона предвидена исто така со една од 12-те точки од договорот во Минск, од 30 на 50 до 70 километри од линијата на раздвојување меѓу конфронтираните страни.
Според извори блиски на францускиот претседател Оланд, остануваат нерешени уште неколку прашања, меѓу кои се статусот на териториите кои ги заземаа бунтовниците во контраофанзивата од минатото лето, за која пред извесно време американскиот државен секретар Џон Кери рече дека е проширена на 1.300 квадратни километри. Порошенко во саботата тврдеше дека постои само една линија на фронтот, онаа од договорот од Минск заклучно со септември 2014 година, додека од тогаш според него бунтовниците заземале дополнителни 500 квадратни километри, а истовремено предупреди дека продолжуваат и интензивните борби.
Исто така, треба да се реши и прашањето за повлекување на тешкото оружје, на што исто така повикуваше рускиот претседател Путин во писмото пред две седмици упатено до украинскиот колега Порошенко. Но се чини едно од најжешките прашања ќе биде контролата на границата, бидејќи Западот тврди дека преку неа минуваат руски војници и опрема во Донбас, а Москва во повеќе наврати одлучно тоа го отфрли и бараше веродостојни докази за таквите тврдења.
Во последните 24 часа, според штабот на украинската армија, биле убиени 12 украински војници и 70 припадници на проруските милиции. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Инцидент во Франција: Се обиделе со дрон да достават дрога во затвор
Инцидентот се случил во близина на затворот кој се наоѓа на четири километри јужно од градот Екс-ан-Прованс, во селото Луинес, пренесува „Фигаро“.
„Полицијата била известена за необична појава во близина на затворот Луинес. Беспилотно летало било над казнено-поправниот дом“, соопштија од полицијата.
Безбедносните сили го следеле сомнителното возилото кое набрзина го напуштило местото на настанот.
Возачот потоа застанал на коловозната лента на автопатот за да ги земе двајцата соучесници.
Полицајците нашле ранец со дрога и футрола за дронот.
Три лица на возраст меѓу 22 и 32 години се осомничени дека доставувале дрога на затворениците со помош на дрон.
Сите тројца се уапсени на автопатот.
Претходно францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен предупреди на трговијата со дрога во француските градови бидејќи се повеќе наркотици се доставуваат во Марсеј и други градови со скутери или автомобили од продавачите до потрошувачите.
Европа
Италијански град го забрани пушењето на оддалеченост помала од 5 метри од други луѓе
Во италијанскиот град Торино, пушењето на отворено е дозволено само ако другите луѓе се оддалечени најмалку пет метри од пушачот, а градоначалникот Стефано Ло Русо смета дека одлуката се заснова на „здрав разум“. „Се работи за почитување на оние кои не пушат, а во исто време се работи за промовирање на културата на почит“, изјави Ло Русо, член на централно-левичарската Демократска партија, за локална радио станица во вторникот.
Сите оние кои не ја почитуваат оваа регулатива ризикуваат казна од 100 евра. Забраната се однесува на пушење цигари, пури, лулиња, загреани тутунски производи и електронски цигари, стои во одлуката што во понеделникот ја усвои и ја одобри градскиот совет.
Регулативата предвидува на луѓето кои пушат да им приоѓаат со цигара „само со нивна согласност“, додека пушењето на отворено е целосно забрането во присуство на деца и трудници.
Торино не е првиот голем италијански град кој го ограничува пушењето на отворено. Во 2021 година, Милан го забрани автобуски станици, такси, стадиони, паркови и гробишта.
Европа
Макрон ја повика Русија на примирје за време на Олимпијадата; Кремљ: Режимот на Киев ги користи таквите идеи
Кремљ денеска ладнокрвно реагира на повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за прекин на огнот во меѓународните конфликти за време на Олимпијадата во Париз велејќи дека Украина може да го искористи тоа како можност за прегрупирање и повторно вооружување, пренесува „Ројтерс“.
Прекинот на непријателствата според олимпиското примирје е долгогодишна традиција, а Макрон во интервјуто во понеделникот рече дека ќе работи на тоа да го постигне кога Париз ќе биде домаќин на Летните игри од 26 јули до 11 август.
Запрашан за ова, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека и рускиот претседател Владимир Путин и руската војска забележале дека, по правило, режимот во Киев ги користи таквите идеи и иницијативи за да се обиде да се прегрупира и повторно да се вооружи.
Тој не наведе ниту еден конкретен пример за вакво однесување на Украина. Војната беснее од 24 февруари 2022 година кога Путин ја почна, како што рече, „специјалната воена операција“ во Украина, а во тој период немаше прекин на огнот.
Песков не отиде толку далеку за да ја отфрли можноста за олимписко примирје, но рече дека сè уште никој не презел никакви официјални чекори во тој поглед.