Европа
Постигнат договорот за рускиот хуманитарен конвој во источна Украина
Русија и Украина во саботата навечер успеале да се договорот околу преминувањето на украинска територија на рускиот хуманитарен конвој кој неколку дена чека на границата, а е наменет за цивилното население во источните региони каде што повеќе од четири месеци се водат борби меѓу силите лојални на новата прозападна влада во Киев е проруските бунтовници, објави челникот на регионалната делегација на Меѓународниот комитет на Црвеникот крст во Русија, Белорусија и Молдова, Паскал Кјутат кој истакнал дека од Киев се чекаат безбедносни гаранции.
Според Кјутат, претставниците на Црвениот крст, на Русија и на Украина по повеќечасовните преговори постигнале согласност, во секој од 287-те камиони од хуманитарниот конвој кој ќе минува низ територијата на Украина да се наоѓа претставник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC). Покрај тоа, регионалниот шеф на ICRC, Паскал Кјут, изразил загриженоста поради тоа што од Киев сѐ уште не се добиени безбедносни гаранции за движењето на конвојот на украинската територија.„Ние испративме барање до Киев, сега многу нешта ќе зависат од украинската страна“, изјавил Кјутат. Киев со поддршка на западните земји одолговлекуваше со дозволата рускиот хуманитарен конвој да влезе на украинска територија, под изговор дека се сомнева оти тој е изговор за наводна руска воена интервенција во Украина, покрај обвинувањата дека и вооружува бунтовниците.Според него, Црвениот крст потврдува дека рускиот товар е хуманитарен, но за тоа да ги потврдат во Киев и неговите претставници треба да го прегледаат товарот. Сѐ уште не е одредено на која страна од границата украинските претставници ќе го прегледаат товарот од рускиот хуманитарен конвој. Кјутат додал дека најверојатно конвојот ќе биде прегледан на граничниот премин во близина на истоимениот руски град Донецк, во руската Ростовска област.Кјутат додал дека во текот на преговорите биле разработени конкретни поединости за минувањето на конвојот преку руската и украинската царина и било покажано разбирање, за тоа како во целина ќе се одвива хуманитарната операција. Односно дека помошта ќе ја дели Црвениот крст кој и ќе го преземе конвојот. Откако во средата украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека Украина нема да го дозволи влезот на рускиот хуманитарен конвој низ Харковскиот регион, кој е под контрола на украинската армија, 280-те камиони се упатија кон друг премин, Каменск-Шахтерск во Ростовската област, на околу 90 километри од украинскиот град Луганск за чиешто население е наменета помошта. Истовремено, портпаролот на украинскиот претседател Свјатослав Цеголко потврди дека украинските погранични полицајци и цариници, заедно со претставници на ОБСЕ, ќе го прегледаат товарот на границата по што конвојот ќе биде следен низ територијата на Луганската област којашто е под контрола на проруските бунтовници, а по пристигнувањето во Луганск, каде што повеќе од 400 илјади луѓе две седмици се без електрична енергија, вода за пиење и лекови, а веќе се при крај и резервите, помошта на цивилите ќе им ја делат претставници на Црвениот крст./крај/мф/сн
Извор: AFP/РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.