Европа
Повеќе илјади поддржувачи на Pegida во Лајпциг
И покрај најавите на германското граѓанско движење Родољубиви Европејци против исламизацијата на Западот (Pegida) чиј традиционален марш во понеделникот во Дрезден беше забранет поради закани по животот на еден од покренувачите на протесното движење против попустливите политики на германската влада кон доселениците особено од муслиманскиот Блиски исток, во соседен Лајпциг во средата навечер се собраа 15.000 луѓе, и тоа откако беше прекината железничката линија меѓу Дрезден и Лајпциг поради два пожара попладнето, според железницата „Deutsche Bahn“ и процени на полицијата.
И покрај најавите на германското граѓанско движење Родољубиви Европејци против исламизацијата на Западот (Pegida) чиј традиционален марш во понеделникот во Дрезден беше забранет поради закани по животот на еден од покренувачите на протесното движење против попустливите политики на германската влада кон доселениците особено од муслиманскиот Блиски исток, во соседен Лајпциг во средата навечер се собраа 15.000 луѓе, и тоа откако беше прекината железничката линија меѓу Дрезден и Лајпциг поради два пожара попладнето, според железницата „Deutsche Bahn“ и процени на полицијата.
„Ние сме народот“, скандираше поворката и ја повтори вообичаената алузија на движењето кое му претходеше на уривањето на Берлинскиот ѕид кон крајот на 1989 година и на обединувањето на Германија, пренесува AFP.
Движењето Legida (Жителите на Лајпицг против исламизацијата на Западот), се претставуваат како локална верзија на Pegida која беше формирана во Дрезден ланскиот октомври, која на 12-ти јануари успеа да собере рекордни 25.000 луѓе.
Противниците на Legida, според локалните власти ги имало повеќе, околу 20.000 и тие извикувале „Губете се“ и настојувале да го попечат пристапот до плоштадот Аугустус за приврзаниците на Legida.рЛокалните власти објавија дека во текот на вечерта и ноќа очекуваа 100.000 луѓе на улиците на Лајпциг кој има 530.000 жители., од кои минимално 40.000 ја поддржуваат Legida и учесниците на 19-те најавени контрапротести./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.