Европа
Повеќе илјадници Шкоти во Глазгов бараа нов референдум
Три до четири илјади луѓе во поворка во саботата минаа по улиците на Глазгов барајќи одржување втор референдум за независност на Шкотска, по одлуката од 23-ти јуни на Британците да ја напуштат Европската унија.
Три до четири илјади луѓе во поворка во саботата минаа по улиците на Глазгов барајќи одржување втор референдум за независност на Шкотска, по одлуката од 23-ти јуни на Британците да ја напуштат Европската унија.
Велика Британија на референдумот од 23-ти јуни со 52 отсто од гласовите за излегување од Европската унија, а во Шкотска гласачите на него со 62 отсто се одлучија да останат во ЕУ, што повторно ги поттикна барањата за шкотската независност од Велика Британија.
По поворката, поборниците за нов референдум за независност на Шкотска се собраа на главниот плоштад во центарот на Глазгов, пренесува AFP.
Шкотската премиерка Никоал Старџен изјави веднаш по објавувањето на резултатите од британскиот референдум за членството во ЕУ во врска со потенцијалниот втор референдум за независност дека тоа прашање е „на масата“.
„Доколку мислиме дека нашите интереси не можат да бидат заштитени во рамките на Обединетите Кралство, независноста би требало да биде една од опциите“, порача Старџен.
Шкотската премиерка истакна дека со исходот од британскиот референдум, на кој повеќето гласачи се одлучиле за излегувањето од ЕУ, независноста на Шкотска повторно дошла на дневен ред тврдејќи дека тие резултатите ја промениле политичката слика во врска со можното отцепување на Шкотска.
Меѓутоа, спроведената анкета покажува дека 53 отсто Шкоти сакаат да останат во Обединетото Кралство, додека 47 отсто ја поддржува независноста. Дури и на прашањето дали попрво би останале во ЕУ а би го напуштиле Обединетото Кралство, 46 отсто од 10.000 испитаниците одговорите дека сакаат да останат во Велика Британија, а дури 37 отсто рекле дека сакаат независна Шкотска во ЕУ.
Шкотска во 2014 година на референдумот ја отфрлија независност со 55 наспроти 45 отсто, но од тогаш Шкотската национална партија (SNP) која ја предводи Старџен постојано на јакнење и на изборите за британскиот парламент освои 56 од 59 места. Старџен најави дека ќе почне работи на прашањето на шкотската независност како опција, зависно од исходот на преговорите на британската премиерка Тереза Меј со Брисел за идните односи меѓу Обединетото Кралство и ЕУ./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.