Европа
Повеќето кривични дела од новогодишната ноќ во Германија нема да бидат процесуирани
Повеќето извршители на сексуалните деликти кои се случија на новогодишната ноќ во Келн и другите градови низ Германија никогаш нема да бидат изведени пред правдата, покажува извештајот на Германското сојузно биро за борба против криминалот (BKA), пренесуваат медиумите.
Повеќето извршители на сексуалните деликти кои се случија на новогодишната ноќ во Келн и другите градови низ Германија никогаш нема да бидат изведени пред правдата, покажува извештајот на Германското сојузно биро за борба против криминалот (BKA), пренесуваат медиумите.
„Мораме да појдеме од тоа дека многу од овие кривични дела никогаш нема да бидат казнети“, изјави Холгер Мунх, за заедничкиот истражувачки тим на дневниот весник Sueddeutsche Zeitung и јавните сервиси NDR и WDR, во понеделникот вечерта.
Според извештајот на BKA, кој само делумно им даден на увид на новинарите со споменатите медиуми, во новогодишната ноќ биле регистрирани околу 900 сексуални кривични дела, но досега е извршена истрага само над 120 сторител. Според процените на BKA, во сексуалните напади врз жените во новогодишната ноќ учествувале повеќе од 2.000 сторители, по потегло главно од северноафриканските земји, како Тунис, Мароко и Алжир.
Досега се осудени само четворица сторители, и тоа условно.. Најмногу пречки при расветлувањето на овие дела е неможноста за сигурно препознавање на сторителите од страна на жртвите. Многу од жените не можат со сигурноста да тврдат кој е сторител, бидејќи станувало збор за поголеми групи мажи.
Кај сторителите главно станува збор за лица кои последните неколку години дошле во Германија за да поднесат барање за азил. Ни меѓу нив речиси и да нема жители на Сирија, кои пристигнале со главниот бгалски бран во втората половина на 2015 година.
Како реакција на настаните во новогодишната ноќ, кога беа пријавни и неколку случаи на силувања, Германија неодамна ги заостри законот за сексуално насилство, така што во иднина казниво ќе биде и сексуалното злоставување извршено групно, а казната ќе се однесува на припадниците на целата група од која е сторено кривичното дело./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.