Европа
Преговорите во Минск продолжуваат во проширен формат со план за поддршка на суверенитетот на Украина
Челниците на четирите земји, украинскиот претседател Петро Порошенко и неговите колеги, рускиот Владимир Путин и францускиот Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел, кои во средата во белоруската престолнина Минск ги започнаа, според се’ судејќи решавачките преговори за решавање на украинската криза, ги продолжуваат преговорите во проширен состав.
Според неименуван извор на Reuters од украинската делегација, четворицата челници имаат намера да потпишат заедничка изјава којашто ја поддржува територијалната целост и суверенитетот на Украина,
И белоруски извори потврдиле дека на состанокот кој се одржува во Палатата на независноста во Минмск би можело да се усвои координиран документ, јави руската агенција ТАСС.
Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Мекеј изјавил дека како резултат на сите преговори во Минск се очекува да бидат потпишани одреден изјави, пренесува РИА Новости.
Помошникот на рускиот претседател, Владислав Сурков, одбил да коментира дали нешто укажува на скорешен крај на преговорите. Тој, исто така, не одговорил на прашањето дали ќе биде потпишан некаков документ.,
Агенцијата ТАСС пренесува дека од салата во којашто се одржуваат преговорите во проширен состав, откако четворицата челници се преселиле во друга сала во Палатата на независноста, доцна ноќта излегол шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кој кусо изјавил дека „преговорите одат подобро од супер“.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјавил дека преговорите во формат на ткн „нормандска четворка“ продолжуваат но во потесен состав.
Заменикот руски министер за надворешни работи Георгиј Карасин оценил дека „се одвива напрегната работа и дискусија“./крај/мф/сн
Извор: (РИА Новости)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.