Европа
Придружничката на Немцов ги раскажа околностите за убиството на политичарот
Главниот сведок и очевидец на убиството на рускиот опозициски политичар Борис Немцов од петокот пред полноќ во непосредна близина на Кремљ, изјави дека убиецот се појавил зад нив на мостот, а не дошол по скалилата како што претпоставуваа претходно некои медиуми по прегледувањето на снимки од надзорните камери во близина на местото на атентатот.
Педесет ипетгодишниот Борис Немцов, поранешен министер и прв вицепремиер во владите од периодот на претседателот Борис Елцин, е застрелан со четири куршуми во грбот, додека преку Големиот мост на реката Москва со 23-годишната државјанка на Украина, моделот Ана Дурицка, се движеле кон неговиот дом. И покрај истреланите вкупно осум куршуми, девојката не била погодена.
Во емисијата за руската телевизијата „Дожд“, Дурицка изјави дека не се сеќава најдобро на вечерта кога беше застрелан Немцов. Сепак, таа тврди дека убиецот стоел зад нив, и пукал во грбот на политичарот. Кога Немцов се струполил на тротоарот таа истрчала кон возачот на возилото за отстранување снег и самата повикала полиција која пристигнала десет минути по повикот.
Што се случувало во периодот непосредно по убиството и пред доаѓањето на полицијата, девојката изјави дека не се сеќава. Според неа, тие се сретнале откако Немцов давал интервју и се упатиле кон неговиот стан. Самата Дурицка не забележала дека некој ги следи.
Ана Дурицка ја исклучува верзијата дека мотив за убиството е љубомора или завист. „Не сметам дека тоа се случи од љубомора. Никакви закани немаше“, рече главниот сведок на убиството на Немцов, кое поради критичката позиција на политичарот кон политиките на Кремљ предизвика реакции од целиот свет со барање за транспарентна истрага.
Дурицка, исто така, изјави дека иследниците не и’ дозволиле да ја напушти Москва поради безбедносни причини. Претходно во неделата московскиот адвокат Вадим Прохоров, кој беше правен застапник на Немцов а сега и на неговата партнерка, изјави дека Дурицка ја одбила програмата за заштита на сведоци и побарал што поскоро да се врати дома во Киев. „Истражителите рекоа дека за мене не е безбедно да ја напуштам Москва“, вели девојката, истакнувајќи дека таа многу посакува „да се врати дома кај мајка ми, која е многу болна и се наоѓа во тешка психичка состојба“.
Претходно министерството за внатрешни работи на Украина упати до руските власти нота со барање да му овозможат на сведокот (Дурицка) да ја напушти нивната земја. Според адвокатот Прохоров, Дурицка нема да ја напушти Русија до средина на седмицава. „До среда таа никаде нема да замине, бидејќи со неа се планирани уште истражни дејствија“, изјави Прохоров за руските медиуми во понеделникот.
Во разговорот за телевизијата, Дурицка изјави дека, според сé судејќи, нема да присуствува на погребот на Немцов, „Многу ми е тешко. Јас не можам никаде да одам. Веројатно нема да присуствувам на погребот. Додаде дека се наоѓа во многу тешка психолошка состојба и неа сака ниту да зборува, ниту да го споменува моментот кога е убиен Немцов. Таа потврдила дека со политичарот се запознала поред три години.
Инаку од истрагата за убиството на Немцов, којашто ја водат челниците на полициските и безбедносни служби кои постојано му даваат отчет на претседателот Владимир Путин, и во понеделникот соопштија дека се разгледуваат најмалку пет можни верзии за убиството на опозицискиот политичар.
Покрај опцијата за убиство од лична нетрпеливост или поради деловни односи, се разгледуваат и траги кои водат кон конфликтот во Украина, поради неговото критикување на односот на Москва кон кризата во соседната земја, но и можна исламска екстремистичка трага, поради неговите изјави во врска со исламистичките напади во јануари во Париз, и имајќи го предвид неговото еврејско потекло.
Меѓутоа, Истражниот комитет на Руската Федерација истакна дека не се исклучува и варијантата дека станува збор за политички мотивиран атентат со цел да се предизвика дестабилизација на политичката ситуација во земјата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.
Европа
Столтенберг: НАТО работи на испорака на повеќе „Патриоти“ во Украина
НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, додавајќи дека доцнењето во обезбедувањето таква помош им наштетува на напорите на Киев да се спротивстави на руските напади.
„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите „Патриот“. И ние работиме со сојузниците за да се осигураме дека тие прераспоредуваат некои од нивните системи во Украина“, изјави тој за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.
„Работиме на можноста за испорака на повеќе батерии „Патриот“ за Украина. Водиме дијалог со некои земји“, рече Столтенберг, нарекувајќи го снабдувањето на „Патриотите“ „критично“, бидејќи тоа е најнапредниот одбранбен систем на кој алијансата може да смета.
Столтенберг рече дека други одбранбени системи, вклучително и ракетниот систем земја-воздух НАСАМС, може да и бидат доставени на Украина. Тој додаде дека состанокот на Советот НАТО-Украина ќе се одржи утре и дека се очекува виртуелно да учествува украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Охрабрен сум од посветеноста и одлучноста на сојузниците во НАТО да застанат во одбрана на Украина“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека има охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес наскоро би можел да го отклучи пакетот помош од 60,84 милијарди долари за Украина.
Европа
(Видео) Катастрофални поплави во Русија, куќи под вода, илјадници евакуирани
Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа во близина на границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво. Државната новинска агенција Тасс објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.
Massive flood after the water level in the Ural River risen in Orenburg, Russia 🇷🇺 (13.04.2024)
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/SXxuuoAmI1
— Disaster News (@Top_Disaster) April 13, 2024
Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир беа најтешко погодени од катастрофални поплави во близина на јужната граница со Казахстан. Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во блиската област Тјумен во Сибир.
1/10🌊🇷🇺 #RussiaIsCollapsing
While the Russians fight in #Ukraine 🇺🇦, #Russia is sinking
📍#Kurgan the risk of another dam failure is high
As in #Orenburg & #Orsk, residents leave their homes, leaving dogs chained to deter looters. They won’t survive it. #floods #Rosja #Russie pic.twitter.com/JMURpr5Rbv
— 𝐀𝐧𝐧𝐚 𝐊𝐎𝐌𝐒𝐀 | 🇪🇺🇫🇷🇵🇱🇺🇦 (@tweetforAnna) April 18, 2024
Во моментов има приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе во опасност од поплави. Во четвртокот властите евакуираа 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортираа на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.
Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо. Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.