Европа
Примирјето во Украина се почитува, се планира размена на заробениците
Во сабота се почитува примирјето во источна Украина, откако претставниците на прозападните власти во Киев и проруските бунтовници во петокот во белоруската престолнина Минск го потпишаа договорот за прекин на огнот во обидите да се запре војната којашто предизвика и влошување на односите меѓу Западот и Русија, откако изминатата ноќ во артилериски оган врз бунтовничкиот центар Донецк загинале четири цивили.
Договорот предвидува и размена на воените заробеници. Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот, по телефонскиот разговор со украинскиот колега Петро Порошенко посветен на барањето начини за запирање на крвопролевањето во источна Украина, навести дека размената на воените заробеници би требало да се изврши според принципот „сите за сите“. Еден од бунтовничките челници за Reuters изјавил дека тој процес ќе започне подоцна во сабота.
Двете страни сé уште се далеку од договорот за идниот статус на областите кои половина година се под контрола на ткн милиции на самоодбрана на рускојазичното мнозинство кои самопрогласија ткн Народни републики во двата источни центра – Донецк и Луганск. Челниците на „народните републики“ објавија дека по воените дејствија на украинската армија без желба на Киев да ја прифати нивната понуда од април годинава за поголема самостојност на регионите, односно федерализација на земјата, и натаму се решени за отцепување од Украина.
Водачите на бунтовниците и населението во југоисточните региони не очекуваат дека примирјето долго ќе трае, и сметаат дека Порошенко се согласил на тоа за да ги прегрупира своите воени сили кои изминатите две седмици претрпеа големи порази и се речиси целосно се потисната од источните области. Меѓутоа, засега примирјето се почитува, пренесуваат медиумите.
„Силите на антитерористичката операција (како што Киев ја нарекува воената операција во источна Украина) се придржуваат кон примирјето и ја почитуваат одлуката на врховниот командант“ претседателот Порошенко, изјави во саботата портпаролот на операцијата и на Советот за национална безбедност и одбрана, Андреј Лисенко.
„Примирјето засега делува добро, но ние знаеме дека тие (украинската страна) го користат само за да доведат уште војници и муниција и за да нé нападнат со обновени сили“, изјавил за Reuters еден од бунтовничките команданти кој се претставил со прекарот Монтана.
Од штабот на бунтовниците во Донецк објавија дека четири станбени населби од овој град со околу милион жители биле цел на артилериски оган од украинската армија, при што загинале четири цивили а уште десет биле ранети, пренесува РИА Новости.
Исто така, соопштиле дека ноќта кон саботата од областа на аеродромот крај Донецк кој и натаму го контролираат украинските сили бил отворен оган врз бунтовничките позиции при што осум борци биле ранети./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.
Европа
Во Германија уапсени 10 лица: за пари набавувале дозволи за престој на странци
Во Германија денеска во полициска акција се уапсени десет лица осомничени дека за големи суми пари набавувале дозволи за престој во Германија за странци од Кина и арапските земји.
„Главни осомничени се двајца адвокати од Келн, а истрагата се води против 38 можни члена на шверцерската банда и против 147 други лица, кои се занимавале со систематски шверц на луѓе“, се вели во соопштението на полициската управа на град веднаш до Келн, кои ја водат операцијата.
Осомничените се обвинети дека донеле странски државјани во Германија и ги набавиле потребните документи за големи суми пари, од 30 до 350 илјади евра. Осомничените основале фиктивни фирми и лажни адреси со кои се регистрирале лица од странство.
Весникот „Билд“ пишува дека меѓу осомничените има и вработени во неколку канцеларии за странци во регионот Рајнланд-Пфалц, кои издавале дозволи за престој за пари. Еден од нив е меѓу уапсените. Како што е соопштено, за време на рацијата била запленета и голема количина пари. Минатата година, со 300.000 бегалци и баратели на азил, Германија забележа значителен пораст на илегалниот влез во земјата.