Контакт

Европа

Припадник на Националната гарда убиен во безредијата во Киев

Објавено пред

Челникот на украинското министерство за внатрешни работи Арсен Аваков го обвини во понеделникот попладнето челникот на националистичката партија Свобода, Олег Тјагнибол за предизвикување на судирите со припадниците на безбедносните сили пред парламентот во кој беа донесени измените на уставот на Украина во делот на децентрализацијата, односно давањето на поголема автономија на одметнатите рускојазични источни региони, при што од здобиените рани во болница почина 25-годишен припадник на Националната гарда, а повредени беа повеќе од сто луѓе.

dobivaj vesti na viber

„Јас директно го обвинувам Олег Тјагнибок и неговата партија Свобода. Сметам дека станува збор за кривично дело, а не за политичка позиција“, изјавил украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков за новинарите по судирите во центарот на Киев во понеделникот.

Истакнал дека видел видео материјал и фотографии на кои се гледа дека Тјагнибок стоел на веднаш до местото на коешто припадникот на Националната гарда на Украина е настрадал. „Не разбирам зошто треба да ја платиме таквата цена, И не знам зошто тоа беше потребно. Само поради тоа што сега не е во власта“, додал Аваков.

Во украинската Врховна Рада (парламентот) во понеделникот од 265 пратеници, 226 украински пратеници гласаа за предлогот на претседателот Петро Порошенко по текот на бурната седница на којашто пратениците кои се противат на овој закон го нарекоа „антиукраински“ и „пропутиновски“, и ја блокираа парламентарната говорница и извикуваа „срамота“. Пратениците од Радикалната партија активираа во собраниската сала и сирени за да го спречат зборувањето од говорницата.

Станува збор за амандманите на Уставот на Украина во делот на децентрализацијата на власта, кои пратениците ги поддржаа измените веќе во првото читање во понеделникот, а е дел од февруарскиот мировен договор од Минск со кој рускојазичните источни региони добиваат поголема автономија.

Уставната реформа предвидува на рускојазичните одметнати региони Донецк и Луганск, како услов за спроведување на локални избори според украинското изборно законодавство, треба да им биде доделен ткн „специјален статус“, односно поголема автономија во доменот на безбедноста, именувањето функционери и финансиите. Тоа е дел од договорот за прекин на огнот што на 2-ри февруари во белоруската престолнина Минск го потпишаа челниците на Украина, Русија, Франција и Германија.

По гласањето во парламентот околу три илјади приврзаници на радикалните националисти се судрија со полициските сили во близина на зградата на парламентот. Агенцијата AFP претходно јави дека одекнала и експлозија во која имало десетици повредени.

Според последните податоци, во судирите се повредени повеќе од 100 лица, меѓу кои повеќе десетици полицајци. Припадникот на Националната гарда починал во болница поради повреда од остар предмет, можеби шрапнел, во срцето. Локалните медиуми јавуваат дека и повеќе од десет припадници на безбедносните сили се хоспитализирани во тешка состојба.

Од своја страна, партијата Свобода, за чиешто милитантно крило се смета неонацистичката групација Десен сектор, а чии припадници војуваат во специјални доброволечки баталјони во источна Украина, побара оставка од министерот Аваков.

„Полицијата прва употреби сила против демонстрантите, и испровоцира повеќе судири. Органите на редот не преземаа мерки за да ги неутрализираат провокаторите“, се вели во официјалното соопштение на партијата Свобода. Тие веруваат дека импровизираната експлозивна направа, која била фрлена меѓу полицајците „е претходно планирана провокација, насочена против украинските патриоти“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра

Објавено пред

Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.

Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.

Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин

Објавено пред

Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.

Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.

„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.

„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.

Прикажи повеќе...

Европа

Шпанскиот државен обвинител бара прекин на истрагата против сопругата на Санчез

Објавено пред

Шпанскиот државен обвинител, назначен од кралот по препорака на владата, денеска побара од судот во Мадрид да ја затвори истрагата за корупција против сопругата на премиерот Педро Санчез бидејќи „нема индиции за кривично дело“.

dobivaj vesti na viber

Судијата во Мадрид вчера пријавил дека отворил прелиминарна истрага за 59-годишната Бегоња Гомез. Сопругата на премиерот беше пријавена кај судијата од синдикатот Манос Лимпиос (Чисти раце) врз основа на медиумските извештаи дека давала препораки со нејзин потпис на претприемачи кои се пријавиле на јавни тендери. На овој начин, било наведено во пријавата, таа ја искористила својата позиција и влијание за да можат блиските луѓе да добијат јавни пари и работа.

Организацијата Манос Лимпијас претходно изјави дека својата тужба ја заснова на медиумски извештаи и дека не може да гарантира за нивната вистинитост, а шефот на организацијата, Мигел Бернад, рече дека извештаите биле проследени до судијата од „граѓанска должност“ и негираше дека акцијата била политички мотивирани.

Во 1980-тите, Бернад се натпреваруваше на два европски избори како кандидат на екстремно десничарскиот Национален фронт во 1980-тите.

Манос Лимпијас одлучи да побара од судот да отвори истрага за бизнисот на Гомез откако обвинителите не постапија самоиницијативно, а истражниот судија ќе одлучи дали медиумските извештаи се точни или не, рече тој.

Консултантската компанија на претприемачот Карлос Барабес, според пријавата, добила 10 милиони евра од јавно претпријатие во надлежност на Министерството за економија. Тој претприемач подоцна основал постдипломски курс кој го водела Гомез на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид.

Во извештајот се споменува поврзаноста на сопругата на премиерот со туристичката компанија Globalia, која беше спонзор на едукативниот центар „Africa Centre del Instituto de Empresa“ управуван од Гомез. Шпанската влада со 600 милиони евра народни пари ја спаси „Air Europa“, во сопственост на Globalia.

Државното правобранителство испрати жалба до судот во Мадрид, во која се наведува дека нема „индиции дека сторила кривично дело“, објави радиото Ла Секста.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија4 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ4 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија6 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија7 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија7 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија8 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија8 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија9 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија19 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија20 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија20 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија21 час

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија21 час

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија22 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија23 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија23 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија23 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...