Европа
Приврзаниците на независноста на Шкотска првпат водат во анкетите
Приврзаниците на независноста на Шкотска од Велика Британија првпат се во водство во испитувањата на јавното мнение и надмина повеќе од половината на испитаници.
На помалку од две седмици од одржувањето на референдумот за шкотската независност (18-ти септември) во анкетата на институтот YouGov објавена во Sunday Times ноќта кон неделата се одбележува дека 51 отсто испитаници би гласале за независноста на Шкотска, а против неа 49 проценти. Пред само еден месец приврзаниците на останувањето на Шкотска во рамките на Обединетото Кралство имаа предност од 22 процентни бодови, пишува весникот не објавувајќи други поединост за анкетата.
„Анкетата на YouGov…. покажува дека националистите се во предност од два бода и дека се подготвени да победат на референдумот“ се наведува во текстот.
Како што се доближува денот на одржувањето на плебисцитот, така постојано расте и поддршката за независноста на Шкотска. Последните истражувања на јавното мнение укажуваат дека националистите ја намалиле разликата до таа мерка што станува многу можна победата на поборниците на независноста на Шкотска под водство на премиерот Алекс Салмонд и неговата Шкотска национална партија (SNP) и остварувањето на нивната цел да ја раскинат 307 години долгата унија со Англија. Точно месец пред одржувањето бројот на поборниците на истапувањето на земјата од сојузот се зголеми на 43 отсто и оттогаш постојано ја намалуваше разликата во однос на бројот испитаници кои се за да се зачува унијата со Велка Британија. Во претходната анкета на YouGov противниците на независноста на Шкотска водеа со само 6 отсто, што е пад во однос на 14 отсто предност која ја имаа во втората половина од август и водството од 22-процентни бодат на почетокот од истиот месец.
Во тој случај, доколку поголемиот дел од гласачите на 18-и септември се изјаснат со да на референдумското прашање „Сметате ли дека Шкотска треба да биде независна држава?“, на 24-ти март 2016 година Шкотска ќе излезе од составот на Обединетото Кралство. Потенцијалното одвојување на Шкотска би можело да повлече низа сериозни последици, меѓу кои се оние од економската сфера, а се поставува и прашењето дали може Шкотска самостојно да преживее без големи количества средства кој ја добива од британската заедничка државна каса.
Шкотската национална партија (SNP) на Алекс Салмонд го освои мнозинството во шкотскиот парламент на изборите во мај 2011 година, што на овој харизматичен политичар му даде шанса да ги прекине врските со Лондон. Првичните анкети покажуваа дека околу 30 отсто Шкоти ја поддржуваа независноста, додека околу 50 отсто заговараат статус кво. Условите за референдумот се договорени со британската влада во октомври минатата 2012 година.
Шкотската национална партија (SNP) смета дека приходите од нафтата од Северното Море и локалната индустрија ќе овозможат напредок за независната Шкотска, меѓутоа другите партии застапени во парламентот во Единбург како и британската влада во Лондон велат дека загуби ќе претрпат и Шкотска и остатокот од Обединетото Кралство.
Во Шкотска на 18-ти септември ќе се одржи национален референдум на коешто околу пет милиони гласачи ќе одговорат на прашањето „Треба ли Шкотска да биде независна држава?“, на што ќе се одговара со „да“ и „не“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.