Европа
Приврзаниците на партијата Слобода протестираа во Киев
Приврзаниците на украинската националистичка партија Свобода, којашто обвинува за фалсификување на резултатите од неделните предвремени парламентарни избори, протестираа во четвртокот пред зградата на Централна изборна комисија во Киев.
Приврзаниците на украинската националистичка партија Свобода, којашто обвинува за фалсификување на резултатите од неделните предвремени парламентарни избори, протестираа во четвртокот пред зградата на Централна изборна комисија во Киев.
Во неделата во Украина беа одржани вонредните парламентарни избори, со кои треба да се заокружи смената на власта откако во февруари со масовните протести и безредија во Киев беше сменет претседателот Виктор Јанукович а неговата дотогаш владејачка Партија на регионите се поделени на неколку субјекти. Беа избирани 198 пратеници според мнозинскиот систем од ткн едномандатни окрузи и 225 пратеници од партиските листи на кои партиите требаше да го минат изборниот праг од 5 отсто од гласовите.
Според прелиминарните податоци на изборната комисија, кандидатите на Свобода водат во шест окрузи кои даваат еден пратеник, меѓутоа според гласањето за партиските листи националистите не влегуваат во Врховната Рада (парламентот). Излезните анкети, пак, покажуваа дека Свобода освоила малку повеќе од 5 отсто од гласовите, според што го минала изборниот праг.
Украинската милиција (официјалниот назив за полицијата кој наскоро треба да биде сменет) соопшти дека во заградата на Централната изборна комисија влегле околу 300 луѓе, партиски активисти кои носеле партиски обележја, а пред зградата поставиле разглас од кој биле испраќани пораките на партиските челници. Украинските медиуми јавија дека зградата е обезбедувана од силни единици коишто биле донесени со 30 автобуси.
Пратеникот од редовите на Свобода, Игор Мирошниченко, изјави дека приврзаниците на партијата дошле пред изборната комисија „за да го заштитат гласот на секој Украинец“. „Ќе се бориме за секој глас… Партијата не се грижи за тоа дека нема да биде во парламентот. Свобода е таа политичка сила која знае како се води уличната борба. И некои од нашите браќа кои влегоа во Радата, ќе ги бранат интересите на партија“, изјави Миронишченко пред почетокот на протестот и додаде дека не е трагедија тоа што партијата не влегува во парламентот според изборите по партиските листи.
„Во некои окружни и регионални избирачки комисии забележавме разлики во записниците. На истокот, во Луганската и Донецката област беше вештачки зголемен одѕивот на гласачите со полнење на кутиите на некои избирачки меса. Се согласивме со претседателот на Централната изборна комисија дека пред утврдувањето на резултатите од изборите до 10-ти ноември сите записници што ќе ги достави Свобода ќе бидат споредени со записниците на Окружните изборни комисии, а доколку нема совпаѓање со протоколите во ЦИК ќе пребројува“, изјави за медиумите претставникот на правната комисија на Свобода, Олег Бондарчук
Претходно во четвртокот челникот на Сеукраинското обединување „Свобода“, Олег Тјагнибок, изјави дека според паралелното пребројување на гласовите, партијата го надминала прагот за влез во парламентот. Истакна дека партијата ќе ги обжали резултатите пред судовите.
Партијата Свобода по шести пат учествува на парламентарните избори а досега само еднаш успеа да го надмине изборниот праг на изборите според пропорционалниот модел, во 2012 година. Во резолуцијата на Европскиот парламент од 13-ти декември 2012 година, откако партијата влезе во украинската Рада, беа осудени ставовиве на Свобода кои се во спротивност со основните вредности и принципи на ЕУ, а демократските партии беа повикани да не соработуваат со партијата. Меѓутоа, по предизвиканата промена на власта во февруари 2014 година партијата влезе во владејачката прозападна коалиција којшто подоцна се распадна./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.