Европа
Проблематично формирање на владата во Белгија
Обидот за формирање на владата на десниот центар во Белгија е доведен во прашање откако една од клучните партии, на франкофоните христијански демократи CDH одби да продолжи со преговорите коишто ги води фламанскиот националист Барт Де Вевер.
Пред Белгија можеби повторно е долга политичка криза, оценуваат политичките аналитичари, откако во 2011 година владата беше формирана по досега најдолгата политичка криза во историјата на Белгија, а најверојатно во светот, коа 541 ден беше без влада.Победникот на парламентарните избори од 25-ти мај, Барт Де Вевер, претседател на Новиот фламански сојуз (N-VA) ги претстави во вторникот работните белешки во кои ја резимира својата програма до партнерите и бара од нив да се изјаснат дали се подготвени да се впуштат во ексклузивни преговори.Другата фламанска партија, Фламанските христијански демократи CD&V брзо се согласија, како и Реформското движење, франкофонска либерална партија. Меѓутоа, четвртата вклучена во преговорите партија франкофоните христијански демократи CDH вечерта во вторникот одби да учествува во преговорите. „Решивме да кажеме не за таа идеја“, изјави претседателот на паертијата Беноа Лутен за приватната телевизија RTL-TVI.Одбивањето го појасни со сомневањата во економскиот план на челникот на N-VA и оцени дека тој ја загрозува куповната моќ, како и со фактот дека Де Вевер, кој се залага за независност на Фландрија, не вложува доволно гаранции во својата лојалност кон Белгија.Едно од прашањата за кои непомирливо спорат Фламанците и Валонците е судбината на арондисманите во предградијата на главниот град Брисел, кој се наоѓа во Фландрија но каде што живеат околу 130 илјади франкофони. Фламанците сакаат на франкофонското население во овие арондисмани да им се укинат изборните права кои им се дадени во 1960-те.Исто така, Фламанците сакаат и поголема автономија за северниот дел, економски посилна Фландрија во која се зборува на холандски јазик. Политичката поврзаност меѓу Фландрија и Валонија е воспоставена од 1830 гoдина а почна да слабее од 1970 година откако досега петпати се додавани амандмани на белгискиот Устав.На парламентарните избори во Белгија што се одржаа на 13-ти јуни 2010 година победија сепаратистичката фламанска партија N-VA и франкофонските социјалисти. Од тогаш траека преговорите за формирање на коалиционата влада. Белгија го надмина европскиот рекорд според времетраењето на периодот во кој државата е без влада на 11-ти јануари 2011 година кога изминаа 208 дена, рекорд што дотогаш го држеше Холандија во 1977 годинаБелгија од 2007 година се обидува да ги надмине политичките превирања кои се предизвикани со несогласувањата меѓу фламанските и франкофонските партии околу уредувањето на државата и околу некои финансиски прашања./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.