Контакт

Европа

Проруските борци најавија дека жестоко ќе го бранат Донецк

Објавено пред

Повеќе од две илјади приврзаници на самопрогласената Народна Република Донецк, која сепаратистите ја прогласија на истокот од Украина, се собрале во центарот на Донецк со цел да го одбранат од налетот на украинската војска, пренесуваат локалните медиуми.

„Ќе почнеме партизанска борба на целото подрачје на Донецк“, истакнал поранешниот самопрогласен „народен губернатор“, Павло Губарјов, кој билопкружен од десетици лица вооружени со калашникови.

 

„Ќе го ослободиме и Киев. Не знаеме само колку крв ќе треба да се пролее и кога ќе успееме во нашата намера“, додал тој.

 

„Ќе се бориме до самиот крај бидејќи нема каде повеќе да се повлекуваме“, нагласил 32- годишен проруски сепаратист, поранешен рудар, кој поради страв од одмазда се претставил само со името Артиј.

 

Тој додал дека не сака да падне во рацете на украинските власти.

 

Собирот се одржал на Лениновиот плоштад, а присутните со себе носеле транспаренти со повици „да се спади Донецк од украинската војска и да се запре геноцидот во источна Украина“.

 

Тие со себе носеле и знамиња од „Народна Република Донецк“, „Новорусија“ и од Комунистичката партија, притоа извикувајќи „Русија, Русија“ и „Фашизмот нема да помине“./крај/мф/ап

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Таткото на Борис Џонсон прекрши мерка воведена од неговиот син

Објавено пред

Таткото на британскиот премиер Борис Џонсон, Стенли (79) ја прекршил мерката што ја воведе неговиот син и отпатувал низ Бугарија до неговата вила во Пелио, Грција.

Тој патувал и покрај препораката на форин офисот, британските граѓани да не патуваат во странство доколку не треба, а неговото патување во Грција покажува дека е можно да се стигне до посакуваната дестинација преку трета земја и да се заобиколат правилата за спречување на коронавирусот, пишуваат грчките портали.

Таткото на британскиот премиер и поранешен член на Европскиот парламент, пристигнал во Грција преку Софија затоа што грчките власти забранија директни летови од Велика Британија до средината на јули.

Тој е веста дека е во Грција ја објави на својот инстаграм профил.

Додаде дека, иако Грција ги забранила пристигнувањата од Велика Британија, сепак Грците се многу среќни што го гледаат.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Русија над 6.500 новозаразени

Објавено пред

Русија ги објави новите податоци за бројот на починати и заразени од коронавирус.

Денеска се пријавени 6.760 нови случаи, со што е надмината бројката од 660.000 случаи на инфекција од почетокот на пандемијата. Сега тој број е 661.165.

Во изминатите 24 часа починале 147 лица, односно од почетокот на пандемијата во Русија се регистрирани вкупно 9.683 смртни случаи како последица од Ковид-19, пренесе „Ројтерс“.

Русите денеска ја отворија вратата за претседателот Владимир Путин да остане на власт до 2036 година, откако на организираниот референдум големо мнозинство гласачи го поддржа пакетот реформи што ќе му овозможат да се кандидира за претседател уште два пати, а критичарите предупредуваат дека исходот на референдумот е фалсификуван.

За првпат во Русија гласањето траеше една недела со цел да се зголеми излезноста на граѓаните, но и да се намалат толпите на избирачките места поради пандемијата.

Прикажи повеќе...

Европа

Финска конечно ја трга свастиката од амблемот на возухопловните сили

Објавено пред

Финските воздухопловни сили престанаа да го користат стариот амблем кој содржеше свастика, јави Би-би-си.

Долго време амблемот на финските воздухопловни сили беше свастика обрабена со крилја. Сепак, свастиката, симбол стар неколку илјади години кој во западната култура обично се поврзува со нацистите, сега е исфрлен од амблемот.

Финското воено воздухопловство го користело симболот од основањето во 1918 година, многу брзо по независноста на земјата и долго пред подемот на нацизмот.

Овој симбол се користи илјадници години во индиската култура и низ целиот свет, но на Западот стана популарен на почетокот на минатиот век.

Во текот на 20-тите години на минатиот век Адолф Хитлер ја искористи свастиката како симбол на неговата Национал-социјалистичка партија, која дојде на власт во Германија во следната деценија.

Геноцидот на режимот на Хитлер доведе до тоа повеќето луѓе на Западот свастиката да ја поврзуваат со нацизам и антисемитизам.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија3 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија4 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија5 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет5 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет5 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија5 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет5 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија5 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет6 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет6 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет6 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет17 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија24 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија24 часа

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија24 часа

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија1 ден

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија1 ден

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион1 ден

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија1 ден

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Досие