Европа
Протести во Париз против ‘поплавата од имигранти'
Речиси 500 луѓе според процените на полицијата, се собрале пред германскиот конзулат во Париз во четвртокот доцна вечерта, за да го изразат негодувањето поради „поплавата од имигранти во Европа“, на повик од организации блиски на крајната десница.
Движењето SIEL (кратенка од суверенитет, независност и слобода), организатор на споменатиот собир, близок на партијата Национален фронт (FN), истакна два големи транспарента на кои беше испишано „Нашите пред другите“ и „Повеќе граници, помалку беда“., пренесува AFP.
Претседателот на движењето Карим Ушик, истакнувајќи дека миграциската криза е „невидена трагедија“ за Европа, им забележа на бегалците дека се „носители на силен идентитет, исламот, религијата сигурна во себе и на целосно поинаков начин на живот, што сигурно ќе го дестабилизира европскиот народ“.
„Ја отфрламе таа самоубиствена логика на замена на народите која на крајот ја осудува европската цивилизација“, рекол Ушик со повиците „Во својата куќа сме“.
На импровизираната сцена на која биле поставени француското, германското и унгарското знаме, се измениле неколку говорници. Со истакнувањето на унгарското знаме, организаторите сакале да му одадат почит на унгарскиот премиер Виктор Орбан поради неговиот тврд став кон бегалците и предупредувањата дека со примањето на огромниот број бегалци од муслиманските земји во Африка, Азија и Блискиот исток, на Европа ѝ се заканува демографско преуредување и губење на христијанскиот идентитет.
Меѓу говорниците биле и портпаролката на германското народно движење Pegida – Европски родољуби против исламизацијата на Западот, Мелани Дитмер, која оцени дека канцеларката „Ангела Меркел ја срамоти Германија и сака од Европа да направи светски нужник“, запалувајќи го знамето на Европската унија што било проследено со силен аплауз и гласни одобрувања на собраните./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.