Европа
Првиот Европеец заразен со ебола е стабилно
Првиот Европеец заразен со смртоносниот вирус на ебола, 75-годишниот шпански свештеник Мигел Пахарес е во стабилна состојба во мадридска болница каде што беше пренесен во четвртокот наутро од Либерија, соопштија во четвртокот шпанските здравствени власти.
Мигел Пахарес, мисионер кој работеше во Либерија за една невладина организација, беше вратен во Шпанија заедно со чесната сестра Хулиа Бохи, чии лабораториски наоди на ебола биле негативни.
По двајцата во Либерија беше испратен шпански медицински авион. Во четвртокот наутро тие беа пренесени до мадридската воена воздухопловна база, од каде со голема полициска придружба беа пренесени во болницата „Карлос Трети“.
„Пациентите пристигнаа добро, иако се малку дезориентирани. Двајцата се ставени во карантин“, соопшти мадридската болница, којашто го испразнила целиот шести кат кој е ослободен само за нив двајцата.
Досега во неколкуте земји од западна Африка, Либерија, Гвинеја, Сиера Леон и Нигерија, од избувнувањето на епидемијата во февруари годинава починаа 932 лица. Либериската претседателка Илен Џонсон-Сирлаф во четвртокот прогласи вонредна состојба поради сузбивањето на епидемијата на еболата, тврдејќи дека нејзините размери претставуваат закана за националната безбедност. /крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.