Европа
Путин ги повикува угнетените европски Евреи во Русија
Евреите коишто според антисемитизмот се чувствуваат несигурно во другите европски земји може да дојдат во Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин на традиционалната годишна средба со Европскиот еврејски конгрес на која присуствуваа неговиот претседател Вјачеслав Моше Кантор и челниците на другите еврејски организации.
„Можат да дојдат кај нас. Го напуштиле Советскиот сојуз. Нека се вратат“, му се обратил Путин на Кантор кој во Москва му предложил низа активности, меѓу другото и за осигурување на безбедноста на еврејските организации и нивните припадници.
Кантор, кој е роден московјанец, рекол дека Конгресот, на чиешто чело е речиси цела деценија, ќе дискутира за предлогот на рускиот претседател.
Првиот човек на главната еврејска организација во Европа на Путин му потврдил ека антисемитизмот на континентот е во подем, како дека „Евреите бегаат од некогаш просперитетната Европа“. Според него, Евреите се соочени сонајлошите услови во Европа од Втората светска војна.
„Видов извештаи во медиумите дека луѓето се плашат да носат јармулка во јавноста. Се обидуваат да ја прикријат својата етничка припадност“, одговорил Путин.
На пример, Еврејската заедница во француски Марсеј во вторникот, по неодамнешниот напад врз еврејски учител, на своите припадници им советуваше да се воздржат од носењето јармулка (киппа), традиционалното капче коишто ортодоксните Евреи го носат во јавноста, а другите на молитви. Во понеделникот Евреин кој носел јармулка беше нападнат со мачета од 15-годишно момче, а францускиот државен обвинител Бри Робен изјави дека сé укажува на тоа дека станува збор за намерна антисемитска агресија, како и дека учителот бил нападнат поради верскиот изглед. Од друга страна, момчето во истрагата изјавило дека нападот го извршило во името на радикалната сунитска група Исламска држава.
„Сметам дека, можеби, треба да го привлече вашето внимание на следните иницијативи, како поддршка за ставање под законодавството антисемитизмот како кривично дело. Да се поддржат напорите и мерките за осигурување на безбедноста на еврејските организации, развој на посебни континуирани едукативни програми за да се обезбеди толеранција“, рекол Кантор.
Исто така, најавил голем број предлози кои се однесуваат на борбата против тероризмот и нуклеарната безбедност.
„Неопходно е челниците на Русија и на САД, водечките земји во Европа и во светот, да истакнат дека нуклеарниот тероризам е најголемиот приоритет во обезбедувањето на меѓународната безбедност“, додал Кантор според кој ваквата инцијатива треба веднаш да покрене пред светските организации./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.