Европа
Путин го најави планот за стабилизирање на ситуацијата во југоисточна Украина
Рускиот претседател Владимир Путин го најави во средата планот во седум точки за стабилизирање на ситуацијата во југоисточна Украина каде што речиси половина година трае бунтот на рускојазичното население
На барање на новинарите, коишто ја следат неговата посета на монголската престолнина Улан Батор, за детали од разговорот на рускиот претседател Владимир Путин со неговиот украински колега Петро Порошенко претходно во средата претпладне по што беше најавено прогласување на прекин на огнот, рускиот челник изјави дека „всушност утрово разговаравме телефонски со претседателот Порошенко и нашите ставови, во секој случај, како што ми се чини, за патиштата за решавање на конфликтот се многу блиски, како што велат дипломатите“, пренесува РИА Новости.
„На патување од Благовештанск во Улан Батор директно во авионот скицирав некои размислувања, можам да речам, некои планови за дејствување. Вистина, тие се онака изложени. Доколку ве интересира, можам да ве запознам со нив“, додал рускиот челник.
Киев во средата објави дека украинскиот претседател Петро Порошенко со рускиот колега Владимир Путин договорил „прекин на огнот“ во судирот меѓу украинската армија лојална на прозападните киевски власти и проруските бунтовници во југоисточните региони на земјата. Кремљ тоа го демантираше со пораката дека Путин и Порошенко разговарале за можните начини за запирање на крвопролевањата во Украина, но дека не станало збор за прекин на огнот, бидејќи Русија не е страна која е вклучена во конфликтот и смета дека тоа е внатрешно украинско прашање.
Според Путин, со цел да се запре крвопролевањето и за да се стабилизира ситуацијата во југоисточните региони на Украина, во прв ред неопходно е да запрат активните офанзивни операции на вооружените сили (лојални на Киев) и вооружените формации на бунтовниците во Донецк и Луганск. Второ, вооружените единици на безбедносните сили на Украина треба да се повлечат на оддалеченост од којашто не можат да вршат артилериски и сите видови бомбардирања со лансирни системи врз станбени населби.
Третата точка од планот на Путин е воспоставување целосен и објективен меѓународен мониторинг на условите за прекин на огнот и организација за следење на состојбите во безбедносната зона којашто би се воспоставила со повлекувањето на украинските сили на дострел од кој не може да напаѓа цивилни цели.
Натаму, како четврта точка во планот на рускиот претседател, е наведено неопходното целосно исклучување на дејствувањето на борбената авијација против цивилното население и станбени населби во зоната на конфликтот.
Во петтата точка всушност Путин повикува да се изврши замена на сите насилно притворени лица според принципот „сите за сите“ без никакви претходни условувања.
Шестиот став на Путин е отворањето хуманитарен коридор за слободно движење на бегалците и доставување хуманитарни пратки во градовите во областа Донбас, во прв ред најголемите – Донецк и Луганс.
Според седмата точка од „нацрт планот“ на Путин за постигнување мир во Украина, треба да се обезбеди можноста во населените места во Донбас да бидат испратени екипи коишто ќе работат на поправка на разурнатата инфраструктура која е од витално значење за локалното население, и подготовки за претстојната зима./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.