Европа
Путин го потпиша указот за посебните економски мерки против Турција
Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша во саботата вечерта указот за воведување посебни економски мерки за Турција, како одговор на турското уривање на рускиот борбен авион во вторникот на сириско-турската граница за што Москва очекуваше извинување од Анкара, кое и покрај помирливите тонови во саботата, сепак не дојде.
„Претседателот на Русија, Владимир Путин, го потпиша Указот ’За мерките за осигурување на националната безбедност на Руската Федерација и заштита на граѓаните од криминални и други нелегални активности и за примената на специјалните економски мерки против Турција“, се вели во соопштението што го објави Кремљ.Указот беше објавен и веднаш стапи на сила во саботата, 28-ми ноември, и се наведува дека ќе биде на сила до укинувањето на тие мерки.Целта на овие мерки на руската влада чија цел е „да се гарантира националната безбедност и безбедноста на руските граѓани“, откако претходно во петокот министерот за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија е многу загрижена за зголемувањето на терористичките закани во Турција и оти тоа е директно поврзано со безбедноста на Руската Федерација, зашто преку Турција се одвива најголемиот проток на милитанти во сите насоки.Мерките опфаќаат забрана за чартер летовите меѓу Русија и Турција, забрана за вработување на турски работници кај руски работодавачи и забрана за увоз на некои руски стоки, се наведува во одлуката што ја објави Кремљ.Од 1-ви јануари 2016 година руските работодавачи „повеќе нема да можат да вработуваат (…) турски државјани“, се истакнува во указот со кој се ограничува и можноста за работење на „организација во турска правна надлежност“ на руска територија. Се предвидува, исто така, без да се наведе временскиот рок, „забрана или ограничување на некои видови стоик од Турција“, според пописот кој го подготвила руската влада, чија содржина не е објавена, за разлика од објавувањето на контрамерките кон Европската унија, САД и другите западни земји по воведувањето на нивните санкции.Според соопштението на Кремљ, Путин ја задолжил владата да „изработи список со стоки и услуги за коишто економските мерки (…) нема да се применуваат“.Путин, покрај тоа, „побара од руската влада (…) да донесе мерки за забрана на чартерскиот воздухопловен сообраќај меѓу Русија и Турција“, а руските туристички агенции треба „да се воздржат на руските граѓани да им нудат производи кои вклучуваат посети на Турција“. Според некои претходно процени, ваквата мерка може да претставува сериозен удар на турскиот туристички сектор, кој од неколкуте милиони руски туристи минатата година остварил приход од повеќе од 4 милијарди долари.Покрај тоа, „од безбедносни причини“, кон турските воздухопловни компании ќе се применуваат построги контролни мерки на руска територија. Со указот и официјално се потврдува воведувањето на визниот режим за Турците, како што во петокот најави Лавров, мерка којашто ќе се применува од 1-ви јануари.Досега одличните односи меѓу Москва и Анкара кои резултираа со големи договори во енергетската сфера со којашто е дефицитарна Турција, западнаа во сериозна криза откако турските ловци во вторникот соборија руски бомбардер на сириско-турската граница, од руската воздушна флота која дејствува против терористичката организација Исламската држава. Русија е гневна и ја обвинува Турција дека ја помага Исламската држава и бара извинување кое турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган не ја даде, но порача дека такви иднини нема да се повторат и оти се надева дека веќе во понеделник ќе има можност да се сретне со Путин за да разговараат за деескалација на тензиите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.