Европа
Путин и Меркел разговараа за состојбите во Украина и Сирија
Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин на маргините од самитот на Г20 во кинескиот град Хуангжу разговараа за спроведувањето на Минскиот договор за примирјето во источна Украина и ситуацијата во северниот сириски град Алепо, пренесе ноќта кон понеделникот Reuters наведувајќи го портпаролот на германската сојузна влада Штефен Зајберт.
Според агенцијата, во текот на двочасовната средба на Путин и Меркел „многу конкретно“ биле дискутирани мерките за натамошно спроведување на договорот од Минск. Втората тема на средбата била граѓанската војна во Сирија и „катастрофалната“ хуманитарна состојба во сирискиот град Алепо, изјавил Зајберт без да изнесува детали.
Претходно Кремљ објави дека на маргините на самитот на Г20, Путин имал низа билатерални средби, меѓу кои и со францускиот претседател Франсоа Оланд и со германската канцеларка Анела Меркел. Пред почетокот на разговорот со Меркел, рускиот челник истакнал дека двете страни може да разговараат за билатералните односи и за заемните интереси во прашањата кои предизвикуваат загриженост, а канцеларката истакнала дека има намера да разговара за ситуацијата во Украина.
Во норвешката престолнина Осло, истовремено, германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнамер изјави дека Русија треба да го финализира договорот за прекин на огнот во Сирија со САД и ја нагласи итноста од доставување од хуманитарна помош во опколените квартови на Алепо кои се под контрола на бунтовниците.
„САД ја изнесоа својата понуда. Русија сега може да покаже дека навистина е заинтересирана да се завршат борбите во Сирија. Дири ниту на Русија не може да биде во интерес да продолжат борбите во Сирија. Москва знае, како и сите други, дека не постои воено решение за судирот во Сирија“, вели Штајнмаер во кој е интервјуто за FUNKE Mediengruppe.
Меѓутоа шефот на германската дипломатија не појаснува кој е американскиот предлог, ниту го коментира одбивањето на Вашингтон на понудата од Москва за заеднички операции против џихадистичките групации во Сирија.
Штајнмаер напомнува во интервјуто дека крајот на Судирот во Сирија не зависи само од Москва, туку, исто така, и од другите играчи во и надвор од Сирија кои само сааат да продолжат да се борат“.
Говорејќи во Осло во неделата ноќта, Штајнмаер за новинарите рекол дека прекинот на огнот во Алепо е услова за сириската операција да се врати на мировните преговори. „Тоа е единствениот услов под кој опозицијата … опозицијата ќе се согласи да се врати во Женеа на политичките преговори“, рече.
Неговата изјава дојде само неколку часта по потврдите дека владините сили повторно ги протерале од југозападните квартови на Алепо бунтовничките сили и целосно ги опколиле./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.