Европа
Путин: Имаше докази дека Киев подготвува терористички напади на Крим
Рускиот претседател Владимир Путин во интервјуто со авторите на документарниот филм „Крим: Патот кон татковината“, вели дека Москва поседувала информации и докази дека радикално настроените украински власти подготвувале масовни терористички акции на Крим.
Филмот кој е емитуван на државната телевизија Россия 1, е посветен првата годишнина од референдумот со кој црноморскиот полуостров Крим се реши за присоединување на Руската Федерација, што Западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија.
„Имаше информации дека може да бидат извршени и терористички акти, а радикалните украински челници, вклучително и во безбедносните структури, дека се подготвени да извршат некои акции со голем број човечки жртви“, вели Путин во коментарот за документарниот филм.
Путин, исто така, вели дека организаторите на минатогодишните протести во Киев, коишто Москва ги нарекува државен удар, планирале по освојување на власта и физичка ликвидација на прорускиот претседател Виктор Јанукович.
„Ни стана јасно и добивме информации дека постојат планови не само да биде уапсен, туку доколку е можно и физички да биде отстранет, што сакаа да го изведат оние кои го извршија превратот. Како што рече една историска славна личност: го нема човекот, нема проблеми“, изјави Путин.
Притоа рускиот претседател не ја осуди одлуката на Јанукович да не применува оружје во текот на „државниот преврат во Киев“, истакнувајќи дека никаквото дејствување во текот на кризата довело до тешките последици.
Говорејќи директно за „државен удар“, Путин вели дека Русија од почетокот знаела дека реално „конците на куклите“ во настаните во Украина се САД, иако формално украинската опозиција ја имала поддршката од Европа.
Помошта на Јанукович, тој ја смета за добро дело. „Фактот дека го спасивме неговиот живот, животите на членовите на неговото семејство, мислам дека е добро благородно дело“, вели Путин додавајќи дека Јанукович во периодот додека се одвивало неговото соборување во Киев бил на Крим.
Коментирајќи ги подоцнежните настани кои доведоа до референдумот на мнозинското руско и рускоајзично население на Крим, Путин вели дека Русија одлучила да им помогне на сонародниците кои живеат на Крим, гледајќи истапување на екстремниот национализам во Украина.
„Убеден сум дека, имајќи го предвид етничкиот состав на населението на Крим, таму ќе беше уште полошо. Моравме да преземеме акција за да се спречи негативниот развој на ситуацијата, за да не дојде до трагедии, какви што потоа се одиграа Одеса кога (на 2-ри мај 2014) во Одеса без жив запален десетици луѓе (42 проруски активисти од движењето Антимајдан кои загинаа во подметнат пожар во Домот на синдикатите). Нашата намера беше во ниеден случај да не се дозволи крвопролевање“, вели Путин во интервјуто во филмот „Крим: Патот кон татковината“, снимен изминатите месеци.
Признава притоа дека имал директно учество во носењето на одлуката за покренување на процесот на присоединувањето, откако претходно испитувањето на јавното мнение покажало дека две третини од населението на полуостровот доколку би одлучувало не би сакало да остане во составот на Украина. „Нашата предност беше во тоа што за тоа се заземав лично. Не затоа што тоа бев јас, туку затоа што кога нешто се прави со директно учество на шефот на државата, тогаш работите полесно се извршуваат“, вели уште Путин./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.