Европа
Путин: Ќе биде сторено сé за да се казнат убијците на Немцов
Рускиот претседател Владимир Путин изјави во саботата дека ќе биде сторено сé за да биде разоткриени и казнети организаторите и извршителите на ова „подло и циничното убиство“ на опозицискиот политичар Борис Немцов, а спикерот на рускиот парламент Сергеј Наришкин оцени дека ова „ладнокрвно убиство“ претставува предизвик за општеството и државата и бара професионална истрага.
Педесет ипетгодишниот Борис Немцов, поранешен министер за енергетика во владата на премиерот Виктор Черномирдин и прв вицепремиер владата на Сергеј Кириенко, од кои си поднесуваше оставки во текот на 1998 година, беше убиен во петокот ноќта пред полноќ на мостот преки реката Москва недалеку од Кремљ, додека се шетал со неговата партнерка.
Врз копретседателот на опозициската партија РПР-Парнас од автомобил кој се оддалечил со голема брзина било пукано осум пати а четири куршуми завршиле во грбот на Немцов.
Западните медиуми истакнуваат дека Немцов се шетал со Украина, којашто не е повредена во нападот, додека руските медиуми не го објавуваат идентитетот на жената која го придружувала опозицискиот политичар, кого Западот го слави како голем поборник за демократијата и борец против корупцијата, а особено го истакнуваат неговото критикување на рускиот претседател.
„Ќе биде сторено сé за организаторите и извршителите на ова подло и цинично убиство да ја добијат заслужената казна“, се вели во писмената изјава објавена на интернет страницата на рускиот претседател Владимир Путин.
Претходно Путин изрази сочувство до семејството и пријателите на Немцов и објави дека издал налог челниците на руската Истражна комисија, на Министерството за внатрешни работи и на Федералната служба за безбедност (ФСБ) да формираат заедничка истражна група и лично да го надгледуваат текот на истрагата. Беше објавено ниту дека не е исклучена опцијата дека станува збор за политички мотивиран атентат.
„Упатувам искрено сочувство до целото семејство, роднините и пријателите на Борис Ефимович Немцов. Се уште не сакам да поверувам во веста за неговата трагична смрт. Ладнокрвното убиство во центарот на Москва покренува предизвик за државата и за општеството. Сите очекуваме брза професионална истрага и изведување пред суд на злосторниците. Убеден сум дека тие нема да ја избегнат казната“, се истакнува во изјавата на претседателот на долниот дом на парламентот, Сергеј Наришкин,
Во изразите со сочувство Наришкин додава и дека е убеден „дека името на Немцов ќе остане засекогаш во историјата на руската политика“.
Властите на Москва, како што изјави нивниот претставник Алексеј Мајоров, ја дале согласноста за одржување на протестен марш кој ќе се движи преку камениот мост на кој е убиен Немцов. Московските власти дале согласност за одржување на собирот на кој организаторите предвидуваат присуство на 50.000 луѓе./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.