Европа
Путин нареди повлекување на војската од границата со Украина
Рускиoт претседател Владимир Путин издаде указ со кој се наредува армијата да се повлече во своите постојани бази по воените вежби во регионот на Ростов на Дон на границата со Украина,пренесуваат во неделата руските медиуми повикувајќи се на портпаролот на Кремљ.
Рускиoт претседател Владимир Путин издаде указ со кој се наредува армијата да се повлече во своите постојани бази по воените вежби во регионот на Ростов на Дон на границата со Украина,пренесуваат во неделата руските медиуми повикувајќи се на портпаролот на Кремљ.
Ова повлекување на руските единици од заедничката граница непосредно до југоисточните области на Украина каде што од април годинава се водат судири меѓу силите лојални на прозападните власти во Киев и проруските милиции на побунетото рускојазично и руско население од областа Донбас, доаѓа во пресрет на најавената средба меѓу Владимир Путин и Петро Порошенко која треба да се одржи во Милано следната седмица.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека претседателот Путин се сретнал со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и наредил повлекување на единиците во постојаните бази по завршувањето на традиционалните летни маневри.
„Станува збор за вкупно 17.600 војници кои учествуваа во воените вежби во регионот на Ростов“, прецизира Песков.
Односите меѓу НАТО и Русија се на најниските нивоа од крајот на Студената војна поради избувнувањето на украинската криза, за што Москва ги обвинува Брисел и Вашингтон дека ги поттикнале безредијата со стотина мртви во Киев со кои беше соборен претседателот Виктор Јанукович и Партијата на регионите од власт, кои важеа за наклонети кон Русија.
По тие настани во февруари, во март рускојазичното население на црноморскиот полуостров Крим направи референдум со кој си ја поврати автономијата од периодот на Советскиот сојуз кога од територијата на руската советска република бил пренесен во составот на украинската република, а укината од страна на Киев во 1990-те по осамостојувањето на Украина. Исто така, со рефереднумот беше изгласанo Крим, каде што доминантни се етничките Руси, да се присоедини кон Руската Федерација, што Западот го смета за руска анексија на украинска територија.
Набрзо, откако прозападните власти во Киев назначија нови губерантори на југоисточните проруски региони и беше укинат законот со кој рускиот јазик го загуби статусот на службен, се побуни рускојазичното население во регионите Донецк и Луганск, каде што по започнувањето на воената операција на Киев наместо федерализација на земјата, како што се бараше дотогаш, беа самопрогласени ткн Народни републики.
НАТО постојано тврди дека Русија распоредува на границата со Украина десетици илјади војници со стотици тенкови, авиони и хеликоптери, како и дека воено со опрема и луѓе ги помага бунтовниците. Москва упорно ги отфрла ваквите обвинувања и бара таквите обвинувања на нејзина адреса да бидат аргументирани со докази./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Возачот на „Фликсбас“ осомничен за убиство од небрежност во Германија
Против возачот на автобусот кој вчера се преврте на германскиот автопат при што загинаа четири лица, а многумина беа повредени, се води истрага за убиство и нанесување телесни повреди од небрежност, соопштија од јавното обвинителство.
Портпаролот на канцеларијата не можеше да каже дали мажот (62) веќе бил сослушан.
Двокатниот европски превозник „Фликсбас“ со 54 лица, меѓу кои и двајца возачи, излетал од автопатот А9 во близина на Лајпциг во средата наутро и се превртел. Автобускиот оператор претходно пријавил дека во автобусот имало 55 лица. Полицијата соопшти дека загинале четири лица, а шест лица се тешко повредени, а 29 лица се полесно повредени.
Не се соопштени детали за здравствената состојба на повредените.
Инспекторите во моментов се фокусирани на утврдување на причините за несреќата. Сите повредени кои се наоѓаат во болница ќе бидат испрашани, доколку тоа им го дозволи здравствената состојба, изјави портпаролката на полицискиот штаб во Лајпциг како одговор на истрагата.
Ќе се нареди и извештај за анализа на автобуската несреќа, соопштија од јавното обвинителство. Првите резултати се очекуваат само за неколку недели.
Идентитетот на четворицата загинати се уште не беше утврден до четвртокот напладне.
„Се трудиме и се надеваме дека ќе можеме да дадеме информации за тоа во попладневните часови“, изјави портпаролката на полицијата.
Автобусот патувал од Берлин до Цирих.
Европа
(Аудио) Кралот Чарлс ја испрати првата јавна порака по дијагнозата на здравјето на Кејт
Порака од кралот Чарлс беше емитувана денеска по повод годишната служба на Величетврток.
Аудиообраќањето на Чарлс беше емитувано на собранието во катедралата „Ворчестер“ во негово отсуство поради тековното лекување на ракот на монархот.
Тој им порача на сите „да ја подадат раката на пријателството“.
„Актот на богослужба, овде во катедралата ‘Ворчестер’, ме потсетува на заклетвата што ја дадов на почетокот на моето крунисување да го следам примерот на Христос ‘да не ми служат, туку да служам’“, рече кралот.
„Тоа е она што секогаш се трудев да го правам и правам со целото мое срце“, додаде тој.
Кралот дојде на тронот пред 18 месеци, а на почетокот на годината му беше дијагностициран рак поради што беше подложен на хемотерапија.
Европа
Заменик-началникот на генералштабот: Британија може да се бори со Русија само 2 месеца
Британските вооружени сили мора да управуваат со оперативниот ризик, што произлегува од недостигот на ресурси што би сакале да ги имаат во идните војни, пишува „Телеграф“.
Информациите се појавија откако Грант Шапс, министерот за одбрана, им рече на пратениците дека лобирал кај премиерот, Риши Сунак, и министерот за економија и финансии, Џереми Хант, повеќе пари во буџетот да се потрошат за одбраната, но не успеал да обезбеди зголемување.
За време на сослушувањето пред пратениците во Комитетот за одбрана на долниот дом, висок офицер на кралските маринци рече: „Ние бевме многу јасни дека сумата што моментно ја трошиме за муниција не ги покрива трошоците во сите области и заканите со кои се соочуваме“.
„Бевме јасни дека треба да потрошиме повеќе пари над буџетот, на она што го нарекуваме интегрирани противвоздушни ракети“.
На прашањето на Марк Франсоа, поранешен министер за вооружени сили, дали е вистина оти Обединетото Кралство „не може да се бори со Владимир Путин повеќе од неколку месеци во целосна воена ситуација поради недостиог на резерви муниција и опрема, Шапс додаде дека секој таков конфликт ќе се води заедно со сојузниците од НАТО, кои заедно би можеле да ја совладаат Русија, наместо само Велика Британија.
„За луѓето што гледаат и слушаат дека Велика Британија не е подготвена за војна исклучиво со Русија, важно е да разберат дека сме во НАТО и постои меѓусојузнички одбранбен договор Член 5, така што никогаш не би биле во таква ситуација“.
Во еден извештај пратениците рекоа дека на вооружените сили им требаат повеќе средства за „учество во операции додека развиваат воена готовност“ или ќе мора да го намалат „оперативниот товар“ на војската.
Поранешните воени началници на комитетот му кажаа дека вооружените сили се ослабени од 2010 година и дека „во конфликт со еднаков противник тие ќе бидат исцрпени по првите неколку месеци од распоредувањето“.
Шапс исто така им рече на пратениците дека лекциите научени од војната во Украина ја покажале важноста на војната со беспилотни летала бидејќи е смртоносна и евтина.
„Ова во Украина е веројатно првата вистинска војна со беспилотни летала и мислам дека никогаш повторно нема да видиме војна која не вклучува тешка употреба на беспилотни летала“, рече тој.
Минатиот месец Обединетото Кралство објави дека, заедно со Латвија, ќе ја предводи новата коалиција за испорака на илјадници беспилотни летала „камикаѕе“ во Украина во услови на растечки недостиг на муниција на фронтот.
„Дроновите ги нарушуваат нормалните факти за војната. Обично секоја генерација станува поскапа за да има смртоносен ефект, но всушност беспилотните летала, кои понекогаш чинат неколку илјади фунти, може да бидат крајно смртоносни“, рече Шапс.
Сепак, тој предупреди дека „основното војување и муницијата“ остануваат важни во секој иден конфликт.