Европа
Путин покани британските експерти за дешифрирање на црната кутија од соборениот „Су-24“
Рускиот претседател Владимир Путин во текот на телефонскиот разговор со британскиот премиер Дејвид Камерон поканил британски стручњаци да учествуваат до дешифрирањето на податоци од ткн „црна кутија“ од рускиот бомбардер „Су-24М“ кој на 24-ти ноември беше соборен од турски ловци на сириско-турската граница и стана причина за острите реплики меѓу Москва и Анкара, што резултираше со санкции.
Путин и Камерон, исто така, разговарале за безбедносните прашања на Блискиот исток, вклучувајќи го и решавањето на ситуацијата во Сирија. За време на разговорот било истакнато дека двете земји имаат „сличен пристап во однос на заканата којашто ја претставуваат Исламската држава и другите терористички групи, кои дејствуваат во регионот“, на Блискиот исток, се наведува во соопштението на Кремљ.
Претходно портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави за руските медиуми министерството за одбрана ќе определи какви и од каде меѓународни експерти ќе повикаат за декриптирање на записот на параметрите на летот, коишто ќе покажат каде се движел и над која територија бил погоден.
Во вторникот вечерта Путин на министерот за одбрана Сергеј Шојгу кој му ја претстави најдената „црна кутија“ го замоли „засега да не ја отворате“ барајќи тоа да се стори „само во присуство на странски стручњаци“.
„Тоа ќе биде утврдено од страна на министерството за одбрана. Путин рече дека отворањето и истрагата на таа ‘црна кутија’, е со цел да се утврди траекторијата и координатите на летот на нашиот бомбардер пред да биде нападнат, и оти целиот спектар активности од оваа комплексна работа треба да биде спроведена во соработка со странски експерти. Но кои ќе бидат тие, кому ќе биде упатена покана, кој ќе изрази подготвеност да одговори на таа покана, не сум подготвен да кажам“, рече Песков.
Тој не можеше да одговори на прашањето на агенцијата ТАСС за тоа дали во работата за дешифрирање на податоците од „црната кутија“ ќе учествуваат и специјалисти од Турција,
По ова се наметнува прашањето за тоа како објективните податоци од „црната кутија“ на соборениот руски бомбардер би можеле да влијаат врз крајно заладените руско-турски односи. Имено, Анкара тврди дека рускиот авион го нарушил како и во повеќе наврати претходно други руски авиони, и оти тој бил погоден во турскиот воздушен простор. Москва е упорна дека нејзиното летало е погодено на километар во воздушниот простор на Сирија, по што се урнало во длабочина од четири километри на сириската територија.
Сепак, Путин рече дека какви и да се податоците коишто ќе се добијат врз уредот за снимање на параметрите на летот, тоа нема да ги измени сегашните односи на Москва кон Турција.
„Веднаш сакам да истакнам дека, се разбира, ние треба да ги знаеме сите податоци (од ‘црната кутија’, но без оглед на тоа што ќе дознаеме, нашиот однос кон чинот на турските власти нема да се промени. Ние се однесувавме, ќе повторам, не само како пријателска земја, туку и како сојузник во борбата против тероризмот, и никој не очекуваше ваков подол, предавнички но в грбот“, рече Путин./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.