Европа
Путин потпиша указ за укинување на рестрикциите кон Турција
Рускиот претседател Владимир Путин го попиша во четвртокот декретот за укинување на рестриктивните економски мерки во однос на Турција, и повторно на руските тур-оператори им дозволи продажба на туристички ангажмани во Турција, кои бе забранети од крајот на ланскиот ноември кога турските сили го соборија рускиот бомбардер на сириско-турската граница.
Како што објави службата на Кремљ за односи со јавност, рускито претседател ја задолжил владата да преземе мерки за укинување на забраната за чартер летови меѓу Русија и Турција. Турција повеќе од половина година живее во вонредна состојба прогласена поради серијата напади започната од јули 2015 година кои им се припишуваат на екстремната сунитска организација Исламска држава и на курдските милитанти., поради што земјата бележи загрижувачки пад на туризмот. Бројот на странските гости во април годинава паднал за 28 отсто, што е најголемиот пад во изминатите 17 години.На туристичкиот сектор и досега не му цутеа рози, имајќи ги предвид откажувањата на руските туристи кои минатата година оставиле во Турција околу четири милијарди долари, по конфликтот меѓу Москва и Анкара по ланското турско соборување на руски борбен авион во близина на сириската граница. Меѓутоа, сега се очекува брзо да се откажуваат веќе постигнатите аранжмани, имајќи предвид дека западните земји исто така ги предупредија своите граѓани за патувања во Турција поради опасност од терористички напади.Владимир Путин во средата најави укинување на санкциите за Турција во областа на туризмот и нормализација на трговските односи меѓу двете земји, пои телефонскиот разговор со Реџеп Тајип Ердоган, со што заврши дипломатската криза во односите предизвикана од убиството на рускиот пилот на соборениот авион. Подобрувањето на односите меѓу Москва и Анкара следуваше откако Кремљ објави во понеделникот дека го примило писмото од Ердоган за Путин во кое првиот се извинува за инцидентот, што беше еден од главните руски услови за симнување на санкциите, кои вклучуваа и забрана за увоз на прехранбени и земјоделски производи, одземање на лиценците за илјадниците турски бизнисмени и работници кои работеа во Русија итн./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.