Европа
Путин: Прошенко ја презема одговорноста за ситуацијата во Украина
Откажувајќи се од примирјето, претседателот на Украина, Петро Порошенко ја презема врз себе сета одговорност за ситуацијата во земјата, оцени во вторникот рускиот претседател Владимир Путин и истакна дека Русија ќе ги брани правата и интересите на своите сонародници, коишто заедно со русофонот население го сочинуваат големо мнозинство во југоисточните региони на соседната земја, како и дека украинската криза претставува обид против руските интереси
Откажувајќи се од примирјето, претседателот на Украина, Петро Порошенко ја презема врз себе сета одговорност за ситуацијата во земјата, оцени во вторникот рускиот претседател Владимир Путин и истакна дека Русија ќе ги брани правата и интересите на своите сонародници, коишто заедно со русофонот население го сочинуваат големо мнозинство во југоисточните региони на соседната земја, како и дека украинската криза претставува обид против руските интереси
„Досега Петро Алексеевич (Порошенко), сепак, немаше директна поврзаност со наредбите во воените операции. Сега тоа целосно ја презема одговорноста, не само воената, туку и политичката што е уште поважно“, изјави рускиот претседател Путин на средбата со амбасадорите на Руската Федерација.
Путин, исто така, истакна дека она што последните половина година се случува во соседната Украина претставува кулминација на негативните тенденции во светската политика, коишто се напластувале со години, за што Русија „со години ги предупредуваше“ своите партнери.
Настаните, коишто според рускиот претседател се провоцирани од Украина, за Путин претставува концентриран израз на политиките на воздржаност кон Русија, и обид да се создаде жариште на постојани тензии на границите на Руската Федерација.
„Мора јасно да разбереме дека настаните предизвикани во Украина, претставуваат концентриран израз на злогласната политика на воздржување којашто се води кон Русија. Нејзините корени лежат длабоко во историјата и очигледно е дека таквата политика не престанала, за жал, и по завршувањето на Студената војна“, истакна Путин на редовниот годишен состанок со амбасадорите и постојаните претставници на Руската Федерација во странство и во меѓународните организации.
Според него, загрозени Русите и нивните законски права коишто се гарантирани со европските конвенции. Оттаму, како што истакна Путин, Русија немала право да го остави населението на Крим и Севастопол на милоста на воинствените националисти и радикали (во Украина).
Путин порача и дека Русија ќе продолжи енергично да ги брани правата на своите сонародници коишто живеат надвор од границите на татковината и за таа цел ќе го користи сиот арсенал од расположливи законски средства.
„Сакам да разберете, нашата земја и претходно го правеше тоа и ќе продолжи енергично да ги брани правата на Русите, нашите сонародници во странство, користејќи го целиот арсенал од средства коишто и’ стојат на располагање, од политички и економски до овозможените со меѓународното право хуманитарни операции , и правото на самоодбрана“, порача Путин.
Рускиот претседател, исто така, се осврна и на инцидентите со руските новинари коишто известуваат за ситуацијата во источна Украина, и убиствата и нападите врз нив ги нарече апсолутно неприфатливи акции чија намерна цел е да се ликвидираат претставниците на медиумите.
„Апсолутно се неприфатливи се убиствата на новинарите, а вчера за тоа го потсетив и претседателот на Украина. Според мене, постои намера да се ликвидираат претставниците на медиумите. Тоа се однесува како на руските, така и странските новинари“, алудираше Путин на неколкуте смртни случаи на руски новинари, сниматели и италијански фоторепортер, како и повеќето пукања и ранување, а таков случај е пријавен ви во понеделникот навечер.
„Кој се плаши од објективната информација? Очигледно, само оние коишто прават злосторства. Ние многу полагаме во ветувањата на Киев дека ќе биде спроведена темелна истрага за овие случаи“, истакна претседателот на Русија./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.
Европа
Орбан: Западот е на чекор од испраќање војници во Украина, Брисел си игра со оган
Западот е на чекор од испраќање војници во Украина и во Брисел владее провоено мнозинство, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Во Европа расположението е војна, а во политиката доминира логиката на војната. Гледам подготовки за војна од сите страни. Генералниот секретар на НАТО сака да формира украинска мисија на НАТО. Европските лидери веќе влегоа во војна, разговарам со нив, ги слушам, тие ја гледаат оваа војна како нивна и така ја водат“, истакна Орбан.
Унгарскиот лидер укажа на постепено зголемување на помошта на Европа за Украина, почнувајќи од испраќање воена опрема и воведување санкции кон Русија до испраќање оружје и пари, објави HirTV.
Пари, пари, оружје, но состојбата не се подобрува, всушност се влошува. На чекор сме од Западот да испрати војници во Украина. Ова е вител на војна што може да ја одвлече Европа во длабочините. Брисел си игра со оган – предупреди Орбан и нагласи дека Будимпешта нема да биде вовлечена во руско-украинскиот конфликт.