Европа
Путин во Турција ќе се обидe трипати да ја зголеми трговијата
Русија ќе се погрижи трипати да ја зголеми трговијата со Турција, на 100 милијарди американски долари годишно, за да ги неутрализира западните санкции, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за турските медиуми, објавено во петокот.
Русија ќе се погрижи трипати да ја зголеми трговијата со Турција, на 100 милијарди американски долари годишно, за да ги неутрализира западните санкции, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за турските медиуми, објавено во петокот.
Во понеделник рускиот претседател Владимир Путин ќе допатува во посета на Турција на состанокот на меѓувладиниот совет на високо ниво на кој главни теми на разговорите ќе бидат трговијата и енергијата. Притоа ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кого во интервјуто Путин го пофали за далекувидата одлука да не се приклучи на санкциите коишто против Русија ги воведоа САД и Европската унија поради присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим и бунтот на рускојазичните источни региони во Украина. Притоа рускиот челник овие санкции ги критикуваше како неприфатливи, кои одат на штета на глобалната економија.
Два елемента се важни за економските односи меѓу двете земји, Русија е најголемиот турски снабдувач со енергенси, а Анкара на Москва ѝ е вториот најголем трговски партнер, по Германија.
Во фокусот на разговорите на Путин со Ердоган ќе биде и меѓународната борба против џихадисите од Исламската држава во турските соседи Ирак и во Сирија, каде што Анкара ја поддржува сунитската вооружена опозиција којашто од март 2011 година се обидува да го собори од власт претседателот алавит Башар ал-Асад, кој, пак, е единствениот регионален сојузник на Русија.
„Дополнително ќе ги поддржиме владите на Сирија, Ирак и на другите земји во регионот “, додал Путин, повикувајќи се на решение донесено преку Обединетите нации пренесе , агенцијата Интерфакс
Ердган порано остро ја критикуваше поддршката на Москва на ал-Асад, а Турција има силни врски со татарската популација на Крим, која на повик на сегашниот турски премиер Ахмет Давутоглу, тогашен шеф на дипломатијата, остана мирна во периодот на превирањата во Украина и кога доминантното руско население на Крим организираше референдум за враќање на автономијата укината во 1990-те и присоединување на Руската Федерација, што западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.
Путин тогаш апелираше на зачувување на националните и верските права на кримските Татари и подоцна донесе указ за нивно рехабилитирање и извинување за нивното принудно преселување во текот на сталинистичкиот и постсталинистичкиот период од Крим во други делови од поранешниот Советскиот сојуз.
Како што претходно соопштија функционери од двете земји, во текот на посетата се очекува потпишување на неколку значајни договори./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.