Европа
Путин задоволен од средбата со Оланд
Рускиот претседател Владимир Путин изрази задоволство од разговорот во чиј фокус била ситуацијата во Украина со францускиот колега Франсоа Оланд кој траеше во саботата околу два часа на московскиот меѓународен аеродром Внуково – 2.
Рускиот претседател Владимир Путин изрази задоволство од разговорот во чиј фокус била ситуацијата во Украина со францускиот колега Франсоа Оланд кој траеше во саботата околу два часа на московскиот меѓународен аеродром Внуково – 2.
Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој во Москва слета на пат за Казахстан, е првиот западен челник кој ја посети Русија откако започна украинската криза, особено откако црноморскиот полуостров Крим се присоедини кон Руската Федерација, што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.
Агенцијата Reuters јавува дека рускиот претседател Владимир Путин делувал нервозно пред средбата со Оланд.
„Господин претседател, одлучив дека треба да разговараме за проблемите поврзани со украинската криза“, рекол Оланд додавајќи оти се надева дека ќе биде постигнат напредок за ставање крај на украинската криза.
Во кусото обраќање пред новинарите, францускиот претседател не кажал дали во Москва допатувал со некој нов предлог за прекинување на судирите меѓу украинската армија и силите на рускојазичните бунтовници во југоисточна Украина, во кои од април годинава загинаа повеќе од 4.300 луѓе, според процените на Обединетите нации.
Оланд изјавил дека сака да зборува за некои прашања кои ги наведе Путин во своето обраќање во четвртокот во кој го обвини Западот дека сака да воспостави нова Железна завеса околу Русија. „Го слушнав вашиот говор пред неколку часа и мислам дека во еден момент мора да се отстранат пречките коишто не’ делат. Мислам дека можеме тоа да го сториме“, изјавил Оланд.
Путин изјавил дека е убеден дека кусата посета на Оланд може да помогне да се осигури напредок во кризата поради којашто Западот ѝ наметна санкции на Русија, а односите меѓу Москва и Западот се на најниско ниво од завршувањето на Студената војна од минатиот век. Притоа, рускиот претседател додал за медиумите дека на францускиот колега не му го поставил прашањето за испораката на носачот на хеликоптери од класата „Мистрал“ којашто руската страна го има платено, но Оланд под притисок на САД и НАТО го одложи испорачувањето на бродот.
„Ги споделивме информациите за она што се случува во Украина“, изјавил Путин, пренесе агенцијата ТАСС. Според него „и Франција и Русија се залагаат за итен прекин на крвопролевањето, за тоа да бидат најдени патишта за доближување на ставовите, вклучително и обновувањето на единствениот политички простор (на Украина)“.
„Се разбира, зборувавме за неопходноста да се обноват економските врски меѓу југоисточна Украина и нејзиниот остаток, затоа што и двата дела од таа територија си се неопходни меѓусебно, бидејќи значителен дел од енергијата на Украина се базира на источниот јаглен, да се обновата економските врски, односно да се испраќа јагленот и да се добива електрична енергија, тоа е неопходно да се стори за да се воспостави нормално функционирање на финансиските институции“, потенцирал Путин.
Рускиот челник изразил убеденост дека „сето тоа може да се постигне“, како и дека тоа треба да се случи „што е можно поскоро“.
Путин додал и дека со Оланд, покрај за украинската криза разговарале и за ситуацијата во Сирија, како и за иранската нуклеарна програма. „Разговаравме за различни теми, така што средбата беше многу конструктивна и суштинска“, заклучил рускиот претседател./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.
Европа
Столтенберг: НАТО работи на испорака на повеќе „Патриоти“ во Украина
НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, додавајќи дека доцнењето во обезбедувањето таква помош им наштетува на напорите на Киев да се спротивстави на руските напади.
„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите „Патриот“. И ние работиме со сојузниците за да се осигураме дека тие прераспоредуваат некои од нивните системи во Украина“, изјави тој за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.
„Работиме на можноста за испорака на повеќе батерии „Патриот“ за Украина. Водиме дијалог со некои земји“, рече Столтенберг, нарекувајќи го снабдувањето на „Патриотите“ „критично“, бидејќи тоа е најнапредниот одбранбен систем на кој алијансата може да смета.
Столтенберг рече дека други одбранбени системи, вклучително и ракетниот систем земја-воздух НАСАМС, може да и бидат доставени на Украина. Тој додаде дека состанокот на Советот НАТО-Украина ќе се одржи утре и дека се очекува виртуелно да учествува украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Охрабрен сум од посветеноста и одлучноста на сојузниците во НАТО да застанат во одбрана на Украина“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека има охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес наскоро би можел да го отклучи пакетот помош од 60,84 милијарди долари за Украина.
Европа
(Видео) Катастрофални поплави во Русија, куќи под вода, илјадници евакуирани
Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа во близина на границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво. Државната новинска агенција Тасс објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.
Massive flood after the water level in the Ural River risen in Orenburg, Russia 🇷🇺 (13.04.2024)
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/SXxuuoAmI1
— Disaster News (@Top_Disaster) April 13, 2024
Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир беа најтешко погодени од катастрофални поплави во близина на јужната граница со Казахстан. Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во блиската област Тјумен во Сибир.
1/10🌊🇷🇺 #RussiaIsCollapsing
While the Russians fight in #Ukraine 🇺🇦, #Russia is sinking
📍#Kurgan the risk of another dam failure is high
As in #Orenburg & #Orsk, residents leave their homes, leaving dogs chained to deter looters. They won’t survive it. #floods #Rosja #Russie pic.twitter.com/JMURpr5Rbv
— 𝐀𝐧𝐧𝐚 𝐊𝐎𝐌𝐒𝐀 | 🇪🇺🇫🇷🇵🇱🇺🇦 (@tweetforAnna) April 18, 2024
Во моментов има приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе во опасност од поплави. Во четвртокот властите евакуираа 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортираа на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.
Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо. Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.